Во Грција 267 нови случаи, починаа седуммина


Во Грција, во последните 24 часа се регистрирани 267 нови случаи, а седум луѓе починаа со што бројката на заболени од почетокот на епидемијата досега изнесува 19.613, а на починати 405.

Јужниот сосед одлучи и да ги продолжи рестриктивните мерки во обид да го спречи ширењето на корона вирусот до 12 октомври.

Мерките, меѓудругото, предвидуваат забрана за продажба на храна на улица од полноќ до пет часот утрото, забрана за концерти на затворено и отворено, забрана за работа за кината и театрите, на свадба, крштевки и погреб,пак, може да одат најмногу 20 луѓе, а маските се задолжителни во затворен простор и на отворено каде што не може да се одржи социјална дистанца.