Букурешт со нови ограничувања поради КОВИД – забранети се и претстави и концерти


Префектот на Букурешт објави дека голем број ограничувања во градот ќе стапат на сила од утре, поради исклучително високиот број новозаразени со Ковид-19 во романскиот главен град, јавија локалните медиуми.

Мерките вклучуваат забрана за внатрешни активности на барови, ресторани и кафулиња, со исклучок на хотели и пансиони, кои имаат право да им служат само на своите гости.

Забранети се и претстави и концерти, пренесува БТА.

Задолжително ќе биде да се носат маски во областите околу училиштата. Зајакната е контролата за носење маски на пазарите и во јавниот превоз.

Префектот Георге Коџуану рече дека мерките ќе бидат на сила најмалку во следните седум дена или се додека нивото на заболени не падне под 1,5 на 1.000 луѓе.