Ана Брнабиќ ќе биде мандатар и на новата српска влада


Фото: Б. Грданоски

 

Премиерката Ана Брнабиќ ќе биде мандатар за состав на новата Влада на Србија, пренесоа неколку српски медиуми.

Вечерва  претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе го објави името на мандатарот за состав на новата Влада на Србија.

На денешната седница на Претседателството на СНС едногласно бил поддржан предлогот на Вучиќ, Ана Брнабиќ да биде мандатарот.