Србија со 111 новозаболени, најмногу од 27 август наваму

 

Според последните информации во Србија, заклучно со 15 часот, регистрирани се нови 111 случаи на заразени со корона вирус, а почина едно лице.

Ова е најголем број регистрирани новозаболени во еден ден од 27 август наваму. Од Кризниот штаб апелираа граѓаните да се придржуваат до мерките, односно задолжително да носат маски во затворен простор, трговски центри, јавен превоз, пошти, банки, маректи и слично.

Тестирани биле 6.139 примероци, или вкупно 1.140.378 од почетокот на епидемијата

На респиратор се 23 пациенти, а во болница 276.

Досега се регистрирани 33.662 случаи, а починаа 750.