Претседателот на хрватскиот парламент има корона вирус


Претседателот на хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ, кој е во самоизолација, денеска бил тестиран, а вечерва добил позитивен тест на корона вирус.

Јандроковиќ бил во самоизолација од средата , кога на шефот на неговата канцеларија му била потврдена инфекција со корона вирус. Бидејќи Јандроковиќ бил во контакт со него претходниот ден, епидемиолозите му наредиле да биде изолиран две недели.

Освен Јандроковиќ, мерката за самоизолација им била изречена и на потпретседателот на парламентот, академик Жељко Рајнер, секретарот Давор Орловиќ и четворица вработени во кабинетот на претседателот на парламентот.

Парламентот известува дека Јандроковиќ има благи симптоми, се чувствува добро и е дома, известуваат хрватските медиуми.