Вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од Западен Балкан во првиот квартал од 2021 година


Вакцинацијата против коронавирус во земјите од Западен Балкан ќе почне следната година, освен во Србија, каде веќе пристигнаа 4.875 дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, што е доволно за вакцинирање на околу 2.400 лица, со оглед дека се неопходни по две дози по лице за стекнување имунитет. Официјален Белград очекува во јануари да добие уште околу […]

БиХ: Околу 3.000 мигранти престојуваат на отворено


Во Босна и Херцеговина најмалку 3.000 мигранти престојуваат на отворено во зимски услови, што може да се опише како хуманитарна катастрофа, предупреди денеска шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во земјата, Питер Ван дер Авераерт. Тој рече дека по пожарот и привременото затворање на кампот „Липа“ во околината на Бихаќ минатата недела, […]

ЕУ одобри 70 милиони евра за вакцини наменети за Западен Балкан


 Европската комисија усвои денеска пакет од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2), како поддршка за пристап на партнерите од Западен Балкан до вакцини против Ковид-19, кои ги набавиле земјите членки на ЕУ. Пакетот ќе биде исплатен во облик на грантови, кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцини […]

Западен Балкан во фокусот на телефонски разговор Дендиас – Вархеји


За случувањата во регионот со акцентот на Западен Балкан, како и за кампањата на ЕУ за вакцинацијата, телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, соопштија преку „Твитер“ од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата ја сподели и самиот Денедиас преку неговиот официјален „Твитер“ […]

Нови 68 жртви на Ковид-19 во Хрватска, заразени уште 316 луѓе


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 316 нови случаи со корона вирусот, а активни се 8.036. Од нив 2.720 се на болничко лекување, а 256 пациенти се на репсиратор. ПОчинаа 68 пациенти, или вкупно 3.739 досега. Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска од корона вирус се заразија 205.246 лица, а оздравеа […]

Сеизмолошка служба на Хрватска: Можни се нови потреси


Шефицата на Сеизмолошката служба на Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можноста од нови земјотреси во наредните часови и денови во областа Петриња и Сисак. Првиот земјотрес се случи во 6:28 часот, со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, проследен со два малку послаби, кои беа со изнтензитет со 4,7 и 4,1 степени […]

Коха јон: Грчки рибарски бродови почнаа да ловат во водите што ги прогласија за свои


 Само еден ден откако прогласи проширување од 12 милји во Јонското Море, се чини дека Грција одлучи да не губи време почнувајќи со експлоатација на оваа област,наведува албанскиот весник Коха јон. – Грчки рибарски бродови се забележани во водите многу близу до морската граница за која тврди соседната држава, на само 8 милји од брегот […]

Уште еден земјотрес во Хрватска


Нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала утрово во 7:50 часот повторно го погоди централниот дел на Хрватска. Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот се наоѓал во близина на Петриња, исто како и првиот потрес кој се случи рано утрово во 6:28 часот. Жители на Петриње тврдат дека почувствувале силно затресување. […]

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Загреб


Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб, изјави директорката на хрватската Сеизмографска служба Инес Иваничиќ. Споед неа, потресот се случил во 6:28 часот, а епицентарот се наоѓал 14 километри североисточно од Глина, во близина на Петриња. Со напомена дека се уште се работи на утврдување на точната јачина на […]

Турскиот парламент даде виза за надгледувањето групи од граѓанското општество


Турскиот Парламент синоќа усвои амандман на законот, со кој ќе се зајакне владиниот надзор врз групите на граѓанското општество, иако организациите за човекови права предупредуваа дека законот ќе ги крши правата на тие групи. Според законот за „спречување на финансирање на ширење оружје за масовно уништување“, беше додадено дека властите можат да вршат годишен преглед […]

Поранешниот албански претседател, Нишани го нарече Рама адвокат на туѓи интереси


Во Албанија продолжуваат реакциите во врска со прашањето за проширување за 12 милји во Јонското Море, откако Грција пред два дена го одобри претседателскиот указ. По низата реакции попладнево тоа го стори и поранешниот албански претседател Бујар Нишани, велејќи дека „предавството има име“, асоцирајќи при тоа на премиерот Еди Рама. Нишани обвини дека Рама станал […]

Во Албанија 499 новозаразени и 10 починати од Ковид-19, меѓу кои и невролог


Во последното деноноќие во Албанија забележан е раст на новозаразени со Ковид-19, а починале 10 пациенти од 55 до 80-годишна возраст, меѓу нив и доктор невролог Сали Бачо. -Од направените 2.165 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 499 што е 23 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 384, додека починаа 10 […]

Во Србија уште 47 жртви на корона вирусот


Во соседна Србија денеска се пријавени нови 47 смртни случаи од последиците на Ковид-19. Во исто време, има нови 2.693 заразени, од 11.399 тестирани Во болница се лекуваат 9.731 лица, а на респиратор се 305 пациенти. Стапката на смртност изнесува 0,93 отсто. Од почетокот на епидемијата досега во Србија од Ковид-19 починаа 3.030 пациенти, вкупно […]

Почина познатата хрватска новинарка и активистка Весна Кесиќ


Весна Кесиќ, новинар и активист, почина синоќа во Загреб на 73-годишна возраст, пренесе регионалниот портал СЕЕбиз. Дипломирала психологија и социологија на Филозофскиот факултет во Загреб, а магистрирала на New School for Social Research во Њујорк. Таа новинарството беше во предвоените хрватски и југословенски медиуми: Старт, Недељна Далмација, Данас, Младина и Нин. Во 90-тите години, таа […]

Прележал корона, но не ги остави соселаните без чисти патишта од снег


  Снегот кој вчера падна на делови од Србија, ги затрупа патиштата до одредени села, некои останаа и без струја, што претставуваше проблем за граѓаните. „Струја немаме два дена, тоа не е необично во овој крај затоа што еден далекувод оди преку Орловската планина, а другиот низ Торник. Навикнати сме на зимски услови, а и […]

Во Хрватска 58 починаа од Ковид-19, новозаразени 618


  Во последните 24 часа забележани се 618 нови случаи на зараза со корона вирусот, а направени 3.628 тестирања. Активни се 10.033 случаи. Од нив 2.691 пациент се на болничко лекување, а 258 на респиратор. Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска се забележани 204.930 заразени со корона вирусот, а починаа 3.671. Оздравеа 191.226 лица. […]

Почна вакцинацијата и во Хрватска


  Во 10 часот утрово во Хрватска почна вакцинацијата против корона вирус. Прва беше вакцинирана штитеничка на Домот за старилица „Трешњевка“ во Загреб. На првото вакцинирање присуствуваа премиерот Андерј Пленковиќ, министерот за труд Јосип Аладровиќ и директорот на Заводот за јавно здравје, Мирослав Цапак. Потоа следеше вакцинација во Клиниката за инфективни борлести „Д-р Фран Михајловиќ“, […]

Медицинска сестра и повозрасен граѓанин први ја примија вакцината за Ковид-19 во Грција


Медицинска сестра од Одделението за интензивна нега во атинската болница „Евангелисмос“ и повозрасен граѓанин згрижен во дом за стари лица, беа првите грчки граѓани кои претпладнево ја примија вакцината за Ковид-19 на Фајзер/БиоНТек, а целиот процес на вакцинација во Грција, во живо го пренесуваат грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина. Со насмевка на […]

Божиќно-новогодишна честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија


На албанската државна телевизија емитувана е честитка на македонски и на  јазиците на другите етнички заедници по повод Божик и Нова година. Честитката на македонски јазик, ја упати Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на телевизијата. -Честити божиќни празници и среќна Нова година, со желби за […]

Земјотрес со јачина 5.4 степени утрово ја погоди Источна Турција


Турција– Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја стресе источна Турција, објави во утрово Европскиот медитерански сеизмолошки центар.   Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар јужно од Елазиг и 20 километри северозападно од Сивриџе. Се уште нема информации за евентуални жртви ии причинета материјална штета.