Коха јон: Грчки рибарски бродови почнаа да ловат во водите што ги прогласија за свои

 Само еден ден откако прогласи проширување од 12 милји во Јонското Море, се чини дека Грција одлучи да не губи време почнувајќи со експлоатација на оваа област,наведува албанскиот весник Коха јон.

– Грчки рибарски бродови се забележани во водите многу близу до морската граница за која тврди соседната држава, на само 8 милји од брегот на селото Луков и 7 милји од грчкиот остров Ерикуза, стои во написот под наслов „Грчките рибарски бродови почнаа на ловат во водите кои ги прогласија за свои“

Се додава дека не ретко во текот на измнатите 30 години грчките рибарски бродови ги нарушиле албанските територијални води, но во тие случаи „Албанија беше немоќна да ги запре, бидејќи речиси не располагаше со ниту еден воен брод да патролира во овие области“

Напоменува дека проширувањето на грчките територијални води се случило без договор со Албанија, додека премиерот Еди Рама изјави дека оваа земја има право на тоа.

Се посочува дека договорот за разграничување на морскиот простор најверојатно ќе се најде пред Сдот во Хаг.

-Експлоатацијата за риболов е само една од придобивките што Грција ги добива во сега проширената економска зона. Не се исклучуваат и другите активности во оваа област,

како што е истражувањето на нафта, зашто се смета дека содржи многу големи резерви на црното злато, но и на гас, констатира Коха јон.

Во Албанија не стивнуваат реакциите откако во Грција на 25 овој месец беше објавено дека е одобрен претседателскиот указ во врска со прашањето за проширување за 12 милји во Јонското Море, во кои премиерот Еди Рама се обвинува за предавство на националните интереси.