Во Србија уште 47 жртви на корона вирусот


Во соседна Србија денеска се пријавени нови 47 смртни случаи од последиците на Ковид-19.

Во исто време, има нови 2.693 заразени, од 11.399 тестирани

Во болница се лекуваат 9.731 лица, а на респиратор се 305 пациенти.

Стапката на смртност изнесува 0,93 отсто.

Од почетокот на епидемијата досега во Србија од Ковид-19 починаа 3.030 пациенти, вкупно се регистрирани 326.060 заразени, а тестирани се 2.242.785 лица.