Прележал корона, но не ги остави соселаните без чисти патишта од снег


 

Снегот кој вчера падна на делови од Србија, ги затрупа патиштата до одредени села, некои останаа и без струја, што претставуваше проблем за граѓаните.

„Струја немаме два дена, тоа не е необично во овој крај затоа што еден далекувод оди преку Орловската планина, а другиот низ Торник. Навикнати сме на зимски услови, а и да бидам искрен, екипите на Електродистрибуција секогаш излегуваат на терен за да го отстранат дефектот, а се надевам дека сега се наекаде на терен. Во текот на летото менуваа столбови, но далекуводот за селото Горно Кошље не е комплетно ремонтиран“, вели мештанинот Бранко Костиќ.

Прв утрово на терен бил Зоран Ракиќ, кој покрај тоа што прележал корона не ги остави на цедило ниту претпријатието за кое работи ниту мештаните од планинските села.

„НИе во овие краеви сме навикнати на многу посурови зими, па снегот од 30 см кој се задржа на патиштата не претставува проблем. Машината за чистење е подновена, па така од утрово се чистат сите правци и се одржуваат проодни“, вели Зоран Ракиќ кој веќе со години работи на одржувањето на патиштата во овој крај.

Покрај короната со која Зоран се борел цел месец, тој не сопира.

„Патиштата мора да бидат исчистени, кога ќе се умориш, може да застанеш, но најважно е сите патни правци да се проодни“, вели Зоран.

Од таму, не шуди што е омилен меѓу мештаните, а нема сомнеж дека веќе на поечтокот на зимската сезона го осветли образот и на ЈП „Љубовље“, каде е вработен.