Западен Балкан во фокусот на телефонски разговор Дендиас – Вархеји


За случувањата во регионот со акцентот на Западен Балкан, како и за кампањата на ЕУ за вакцинацијата, телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, соопштија преку „Твитер“ од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Информацијата ја сподели и самиот Денедиас преку неговиот официјален „Твитер“ профил.

-Телефонски разговарав со еврокомесарот Оливер Вархеји. Дискутиравме за регионалните случувања со фокусот на Западен Балкан, вклучително и кампања за вакцинација на ЕУ и соработката за справување со последиците од Ковид-19, напиша Дендиас на „Твитер“.