Во Хрватска 58 починаа од Ковид-19, новозаразени 618

 

Во последните 24 часа забележани се 618 нови случаи на зараза со корона вирусот, а направени 3.628 тестирања. Активни се 10.033 случаи.

Од нив 2.691 пациент се на болничко лекување, а 258 на респиратор.

Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска се забележани 204.930 заразени со корона вирусот, а починаа 3.671.

Оздравеа 191.226 лица.

Денеска почна вакцинацијата во оваа земја.