Поради ниски температури – портокалов метеоаларм во БиХ


БиХ–  Во Босна и Херцеговина денеска беше вклучен жолто-портокалов метеоаларм поради многу  ниски температури, јавија сараевски медиуми. Хидрометеоролошки институт предупреди на ниски температури, во Фоча и Вишеград беше вклучен портокалов метеоаларм, а температурите може да достигнат до минус 15 степени. Жолтиот метеоаларм е вклучен за Сараево, Мостар, Требиње, Ливно, Бихаќ, Бања Лука и Приједор, каде […]

Во Хрватска олеснуваат епидемиолошки мерки


Хрватска– Од денеска во Хрватска се во сила олеснети епидемиолошки мерки – кафулињата почнуваат да работат со тоа што ќе продаваат пијалоци „за носење“. Спортски сали, фитнес центри и училишта за странски јазици, детски игралишта и работилници, клубови за автомати, казина и обложувачници, исто така, ќе можат да работат. Олеснувањето на мерките е придружено со […]

Избори во Косово: излезните анкети покажуваат триумф на партијата на Албин Курти


Според првите резултати на излезните анкети на Институтот „Пипос“ од Приштина, победник на вонредните избори во Косово е движењето Самоопределување (ПС) на Албин Курти, кое добило 41,8 проценти од гласовите, пренесува српската агенција Бета. Во резултатите од излезните анкети презентирани на ТВ Клан, Демократската партија на Косово (ДПК) е на второ место со 16,5 проценти, […]

Ниеден починат од Ковид-19 и рекорден број тестови во Косово последните 24 часа


Во Косово во минатото деноноќие, за прв пат по подолго време, не е забележана ниеден смртен случај на заболен од Ковид-19, така што бројката на жртви на заразата од коронавирусот од неговата појава во март минатата година остана 1.544, јави дописникот на МИА од Приштина. Вчера за прв пат се извршени над три илјади тестови со методот […]

Поради влошената епидемиолошка и временска состојба Албанија ќе ги отвора регионалните ковид центри


Се поголемиот број заразени со Ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување и невремето што ја зафати Албанија, обилен снег и минусни температури, кои го отежнуваат транспортот на болните до Тирана, најавено е отворање на ковид центрите во регионалните болници. Според министерката за здравство Огерта Манастирлиу ситуацијата во четирите ковид болници е под контрола, […]

Уште 16 пациенти со Ковид-19 починаа во Србија, новозаразени се 1.386


Во последните 24 часа во Србија тестирани се 7.292 лица за корона вирус, а позитивни биле 1.386. Во истиот период починаа уште 16 пациенти или вкупно 4.230. Во болница се лекуваат 3.846 пациенти, од кои 134 на респиратор. Досега се теситрани 2.770.169 лица, а вирусот е потврден кај 420.879 луѓе. Процентот на заразени веќе две […]

Во Словенија нови 329 случаи со корона вирус, починаа 12 пациенти


  Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 329 случаи со зараза од корона вирусот, 12 пациенти починаа, а со сегашниот релативно поволен тренд, кон почетокот на март се очекуваат дополнителни попуштања на епидемиолошките мерки. Новозаразените се дури за третина помалку од минатата недела. Во моментот седмодневниот просек на потврдени зарази во еден ден […]

Во Хрватска нови 198 случаи со корона вирус, починаа 19 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се нови 198 заразени со корона вирусот, а бројот ан активни случаи изнесува 2.298. Меѓу нив 943 пациенти се лекуваат во болница, од нив 89 на репсиратор. Починаа уште 19 пациенти или вкупно 5.318. Досега во Хрватска од корона вирус се заразија 237.657 лица, оздравеа 230.041, а тестирани […]

Земјотресите ги поместиле Сисак и Петриња до 86 сантиметри


  Државната геодетска управа на Хрватска направи прецизни мерења на подрачјето на Петриња, Глина и Сисак по земјотресите и утврди дека Петриња и Сисак се поместени до 86 сантиметри, соопшти Штабот за цивилна заштита денеска, јави Индекс. „Врз основа на добиените резултати и анализата на координатите на постојаните точки од геодетската основа пред и по […]

Во Албанија утре пристигнуваат 7.000 вакцини од „Фајзер“, до сега вакцинирани над 1.200 здравствени работници


Во Албанија утре треба да пристигнат 7.000 вакцини од договорените 500.000 со компанијата „Фајзер“. Претходно, на почетокот на месецов во земјата пристигнаа 1.170 а до крајот на месецов треба да пристигне нова количина или вкупно 40.000 вакцини. Вакцинацијата во Албанија почна на 11 минатиот месец по добиената донација од 975 дози вакцини од, како што рече премиерот […]

Борисов: Рестораните во Бугарија ќе бидат отворени на 1 март


Од 1 март ќе ги отвориме рестораните, а од утре ќе им дозволиме на учениците од сите паралелки во малите населени места да учат со физичко присуство, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов при неговата посета на мултидисциплинарната болница за активно лекување во Исперих, јави дописникот на МИА од Софија. Во исто време, главниот државен здравствен […]

Албанија „заробена“ во снег и мраз


Теператури од минус 15 степени, снежна покривка и до два метра во руралните средини, блокирани патни правци, забрана за движење на тешки товарни возила на сите национални патишта, откажани летови од аеродромот во Тирана, забранет поморски сообраќај, повеќе област без струја, е кусиот биланс од состојбата во Албанија по обилните снежни врнежи и ниските температури. […]

Уште три земјотреси во текот на минатата ноќ во централна Хрватска


Областа на централна Хрватска синоќа беше погодена од три земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, јавија хрватските медиуми. Како што објавија од Сеизмолошката служба, во 00 часот и 21 минута, сеизмолозите забележале умерен земјотрес со епицентар на 9 километри западно од Петриња. Јачината на земјотресот била 3,4 според […]

Поради снегот и минусните температури во Албанија онлајн настава во сите училишта


Поради обилните снежни врнежи кои ја зафатија целата територија земјата и минусните температури, од утре во Албанија се затвораат сите училишта и насатавата ќе се изведува онлајн, информираше министерката за образование, спорт и млади, Евис Куши на Фејсбук. – Според Управата за хидрометереолошки работи, во нашата земја се очекува значителен пад на температурите и обилни […]

Вонредни парламентарни избори во Косово


Косовските граѓани со право на глас денеска ќе гласаат на вонредните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Официјалната кампања за овие, осми по ред, повеќепартиски избори во повоено Косово, започна на 3 февруари, а за следење на изборниот процес се акредитирани околу 20.000 набљудувачи, кои доаѓаат од политички субјекти, медиуми, амбасади, невладини организации […]

Лавина уби двајца во Словенија, спасувач се обиде да ги извлече, настрада и тој


  Во лавина во Словенија денеска загинаа двајца алпинисти и еден спасивач, соопштија тамошните власти. Првите две жртви настрадале во лавината утрово н аоколу 40 км од Љубљана. Во текот на операцијата за извлекување на телата дошло до втора лавина, која уби еден член на спасувачката екипа, а двајца се повредени. Спасувачите се евакуирани со […]

ЕУ: Внимателно го следиме изборниот процес во Косово


Европската Унија порача денеска дека ги следи мошне внимателно подготовките за вонредните парламентарни избори, што ќе се одржат утре во Косово и очекува почитување на демократските стандарди и во текот на самиот процес на гласање, јави дописникот на МИА од Приштина. Во заедничката изјава на шефот на канцеларијата на ЕУ, Томаш Суниог и на шефовите […]

Во Словенија 1.005 заразени, 15 пациенти починаа од Ковид-19


  Во СЛовенија, во последните 24 часа, потврдени се 1.005 новозаразени со корона вирус, а од Ковид-19 починаа уште 15 пациенти, објави Министерството за здравство. Владата поради стабилната епидемиолошка состојба прогласи „портокалова“ фаза и воведе нови правила. Направени биле 23.097 тестирања. Заразени се за 50 помалку од вчера, но и нешто повеќе од состојбата минатата […]

Бугарија ја чека големо „патриотско“ шоу пред изборите


„Патриотскиот“ гласач сигурно ќе биде задоволен од шоуто што го чека. ВМРО се обидува да го води главното оро, Екатерина Захариева докажа дека е талентиран изведувач на патриотскиот репертоар на македонска тема, но новиот играч, Слави Трифонов, со неколку професионални изведби на „Јовано, Јованке“ може да ги победи аматерските танцови групи на другите   „Патриотските“ […]

Мета: На 25 април се враќа демократијата во земјата


 Албанскиот претседател Илир Мета на  Фејсбук напиша дека  по парламентарните избори Албанија или ќе се врати на европските шини или ќе се претвори во источен проект. Мета додаде дека 25 април, денот на изборите, е ден на враќање на демократијата. – Првпат по 30 години, Албанија се соочува со голем прашалник: Или ќе се врати […]