Во Босна и Херцеговина вчера 93, денеска уште 92 жртви на Ковид


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 5.402 примероци, од кои 1.867 биле позитивни. Она што загрижува во оваа земја е високата смртсност, односно по вчерашните 93 жртви на Ковид-19, денеска исброаја уште 92 починати од заразата.

Во Федерацијата тестирани се 3.918 примероци, а 1.143 биле позитивни. Досега тестирани се 538.893, а корона вирусот е потврден кај 110.116 лица.

До денеска излечени се 88.417 пациенти. Денеска се пријавени 53 смртни случаи или вкупно 3.662.

Во Република Српска тестирани се 1.327, а позитивни биле 623 лица. Пријавени се 33 смртни случаи или вкупно досега 2.644.

До денеска регистрирани се 52.882 случаи со Ковид-19, оздравеле 38.225,а тестирани се 230.256.

Во Брчко има 101 нов случај со корона вирус, а починаа шест лица.