Речиси 5.500 новозаболени во Србија, починаа уште 39


 

Во соседна Србија денеска се регистрирани 5.471 новозаразени со корона вирусот, а починаа уште 39 пациенти.

Според податоците на Министерство за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори се 276 пациенти, а во болница се лекуваат 7.205.

Во последните 24 часа тестирани се 18.528, а 3.406.642 од почетокот на епидемијата.

До денеска во Србија од Ковид-19 починаа 5.270 лица, а стапката на смртност изнесува 0,88 отсто.

Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се 595.489 случаи на зараза.