Нови мерки во Загреб, маски и на отворено – денеска нови 2.623 заболени


Денеска во Хрватска се забележани 2.623 новозаразени со корона виурсот, а од нив 451 во Загреб.

Активни во Хрватска се уште 11.306 случаи. Од нив 1.337 пациенти се на болчничко лекување, а 144 на репсиратор.

Починаа уште 19 пациенти или вкупно 5.947.

Тестирани се вкупно 1.549.854, а 271.632 се позитивни досега. Оздравеа 254.379.

Вакцинирани се 374.399 лица.

Во домовите за стари лица во Загреб има еден новозаразен, а во училиштата 23 учении и двајца наставници од основно и 11 ученици од средно. Во излоација се 403 од основните и 191 ученик од средните училишта.

Во Загреб има 1.624 активни случаи.

Денеска на седницата на Кризниот штаб донесени се два пакета мерки. Првиот е активирање голем број луѓе што ќе внимаваат на превентивата и контролата на спроведување на мерките. Се работи за активирање на 345 луѓе, комунални редари.

Тоа подразбира заострување на мерките во Загреб и тоа задолжително носење маски и почитување на дистанцата, како и забрана за престој во затворен простор на кафуле.

За контрола во трамваите ангажирани се 70 работници, каде мора правилно да се носи маска и да се дезинфицираат патниците.

Бидејќи 80 отсто од заразените во Загреб се со британскиот сој новите мерки се:

Задолжително носење маска во сите затворени простории каде има собири. Задолжителна маска на сите отворени простори.

Дури и оние кои пијат кафе на терасите од кафулињата треба да ја тргнат маската кога отпиваат голтка, а потоа да ја вратат.