Во Србија повеќе од 4.500 новозаболени, починаа 41 пациент


 

Во Србија до последниот пресек потврдено е дека има уште 4.512 новозаболени од Ковид-19, а од последиците на оваа болест починаа 41 лице.

Досега во Србија се тестирани 3.388.114 граѓани, а во последните 24 часа 14.079.

Според податоците на Министерството за здравство и Институтот „Батут“ на респиратор се 252 пациенти.