Црни рекорди во Бугарија – од вирусот починаа 203 лица во еден ден
Додека се очекува да се олабават мерките во Бугарија од 1 април земјата се соочува со страшни бројки од корона вирусот. Здравствените власти објавија дека во последните 24 часа починале дури 203 лица, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Билансот на смртните случаи изнесува 12.913.
Регистрирани се 4.497 нови инфекции од направени 19.424 теста, што значи дека позитивни биле 23,15% од примероците.
Бројот на активните случаи е 67.864, од кои 9.679 са хоспитализирани, а на интензивна нега 752.
За последните 24 часа биле вакцинирани 9.006 души. Вкупниот број на инокулации изнесува 445.547 во земјата од 7 милиони жители.
Овие денови во Бугарија пристигнаа 51.600 дози од вакцината на „Модерна“ и 31.590 на „Фајзер“. Утре се очекуваат да пристигнат 150.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“.