ЕУ не ја додаде Турција во списокот на земји што се сметаат за даночен рај


Белгија– Иако темата била на маса, земјите членки денеска на министерскиот состанок за финансии не постигнале едногласност за да се додаде Турција во списокот на даночни раеви, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја пренесоа повеќе европски медиуми утрово повикувајќи се на извори присутни на министерскиот состанок. Турција за сега се наоѓа на сива […]

Во Бугарија запленети приближно 402 килограми хероин


Бугарија – Бугарската царина на 7 февруари заплени 401,468 килограми хероин, објави денеска на Твитер главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, јави дописникот на МИА. Хероинот бил откриен во Варна во пратка со битумен што пристигнала од . Дрогата била скриена во четири контејнери, а примател на практата била трговска фирма од Шумен. Сопственикот на фирмата […]

Рама повторно ја критикуваше ЕУ околу вакцините и не исклучи набавка на вакцини од Кина


 Албанскиот премиер Еди Рама и понатаму не ги штеди своите критики кон Европската унија кога станува збор за вакцината против Ковид-19. Рама рече дека нема да биде изненадување доколку Албанија, како и Северна Македонија, го сврти погледот кон кинеската вакцина, во време кога ЕУ нема одговор за земјите од западен Балкан. Според него ако тоа […]

Во Хрватска има 274 новозаразени, а починаа 18 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 274 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува 1.959. Меѓу нив 927 пациенти се на болничко лекување, од кои 84 на респиратор. Починаа 18 пациенти, или вкупно досега 5.357. Од почетокот на пандемијата во Хрватска заболеле 237.999 лица, а оздравеле 230.683. […]

Хрватскиот политичар Владимир Шекс ја тужи Хрватска во Стразбур поради документи за Туѓман


Хрватска–  Хрватскиот политичар Владимир Шекс потврди дека ја тужи Хрватска пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур затоа што не му е дозволен пристап до документи на поранешниот претседател Фрањо Туѓман. Тој нагласува дека од национален интерес да се открие тој период од модерната историја, а не да се крие. Станува збор за документи од […]

Јанез Јанша останува премиер, го преживеа гласањето за недоверба


Јанез Јанша останува премиер на Словенија откако денеска не помина гласањето за искажување недоверба кон неговата влада. По целодневната дебата во собранието, во која опозицискиот блок партии го предлагаше Карел Ерјавец, претседател на партијата на пензионерите ДеСУС, за нов премиер во постапката наречена конструктивно гласање за недоверба, предлагачите не усепаја да соберат 46 гласа во […]

Ерјавец: Пратениците можат да гласаат за нормална Словенија


Лидерот на Партијата на пензионери (ДеСУС), Карл Ерјавец, кандидат за премиер, смета дека пратениците имаат можност да гласаат за нормална и демократска Словенија кога подоцна вечерва тајно ќе се изјаснат за доверба во Владата на Јанез Јанша. Според повеќето медиуми и аналитичари, мали се шансите опозицијата да го добие потребното мнозинство од 46 гласа во […]

Пленковиќ: Русија е подготвена да ни испрати „спутник V“


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека Русија е подготвена да ја достави вакцината „Спутник V“ во Хрватска. За време на неговата посета на округот Дубровник-Неретва, тој за новинарите изјави дека хрватската агенција за лекови разговара за тоа што може да се направи легално и да се почитува законодавството на ЕУ, објави Хрватската радио-телевизија. „Откако […]

Марио Кордиќ избран за градоначалник на Мостар


Во третиот круг избори во Градскиот совет на Мостар, 17 советници гласаа за Марио Кордиќ. Со тоа, кандидатот на Хрватската демократска заедница на Босна и Херцеговина (ХДЗ БиХ), Марио Кордиќ, актуелен директор на здравствениот дом во Мостар, е избран за нов градоначалник на Мостар. Во третиот круг во Градскиот совет на Мостар, 17 советници гласаа […]

Јанша: Обидот за уривање на владата е деструктивен потег и фарса


Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, за време на денешната парламентарна расправа за доверба на владата, „деструктивна фарса“ го нарече обидот на опозицијата да ја собори неговата влада и да формира нова, на чие чело ќе биде Карл Ерјавец, лидер на Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС),  јави Хина. -Предлогот на опозициската Коалиција на уставниот лак (КУЛ) е […]

Албанската министерка за образование Евис Куши е позитивна на Ковид-19


Албанската министерка за обрзование, спорт и млади, Евис Куши, како што самата објави на својот профил на Фејсбук, е позитивна на коронавирусот, наведувајќи дека се наоѓа во самозлоација и оти работните обврски ќе ги обавува од дома. „По тестирањето за Ковид-19, ве известувам дека имав позитивен резултат. Во моментов сум во карантин, следејќи ги сите […]

Заразени уште 1.331 во Србија, починаа 15 луѓе


  Според последните информации, во Србија во последните 24 часа потврдени се уште 1.331 случаи на заразени со Ковид-19, а починаа 15 лица. Вкупно досега во Србија од корона вирус заболеле 422.210, а починале 4.245‬. Процентот на смртност е 1,01 отсто. Досега се тестирани 2.775.719 гараѓани, а 5.550 во последните 24 часа. ВО болница се […]

Албин Курти вели дека почнуваат со реформи, дијалогот со Србија е на шестото или седмото место


Кандидатот за иден премиер вели дека дијалогот со Србија е второстепен, но од Брисел веднаш изјавија дека тој треба да биде на врвот од агендата   Лидерот на движењето Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека победата на неговата партија на предвремените парламентарни избори е можност за започнување на реформите што […]

Драганов: Околу 30 отсто од бугарските хотели нема да се отворат летово


 Се очекува околу 30 отсто од хотелите во Бугарија летово да не ги отворат своите врати, бидејќи работат според таканаречениот „индустриски принцип“, односно  со нискобуџетните авиокомпании, што се едни од најпогодените од пандемијата, изјави Румен Драганов, претседател на Конфедерацијата на бугарскиот туристички бизнис, за телевизијата „Блумберг Бугарија“. Според него, од вкупно 17.000 сметувачки капацитети во […]

ММФ: Властите во БиХ не сакаат да спроведат реформи, па бараат помош од комерцијалните банки


Властите во БиХ одбиваат да спроведат реформи во финансискиот сектор на земјата и со тоа не сакаат ниту соработка со Меѓународниот монетарен фонд, па затоа земаат пари од комерцијалните банки кои им наплаќаат огромни камати, предупреди претставникот на ММФ во БиХ, Ендрју Џевел. Во декември минатата година ММФ ги прекина преговорите со претставници на власта […]

Во Хрватска од Ковид-19 починаа 21 пациент, новозаразени само 68


  Во последните 24 часа во хрватска се направени 2.134 тестирања, а само 68 биле позитивни на корона вирус. Сепак, од последиците од Ковид-19 починаа 21 пациент. Во болница се лекуваат 951 пациент, од кои 86 на репсиратор. Активни се 2.002 случаи. Од почетокот на пандемијата во Хрватска се регистрирани 237.725 заразени со корона вирус, […]

Невремето „Мидија“ во Грција донесе снег, затворени училишта и проблеми во сообраќајот


 Невремето „Мидија“ што ја зафати Грција, донесе снег, минусни температури во целата земја, затворени училишта, како и проблеми на повеќе автопати, јави дописничката на МИА од Атина. Во северна и централна Грција, во областа Епир, во градовите Јанина, Солун, Волос, Лариса, како и на островите Лезбос, Хиос и Закинтос, поради ниските температури и невремето, училиштата […]

АкуВедр: Пролетта ќе доцни во Европа, метеоролозите најавуваат бури на Балканот


Пролетта официјално почнува за помалку од шест недели, а светски познатата метеоролошка служба АкуВедр (AccuWeather) објави голема сезонска прогноза во која предвидува дека пролетта 2021 година може да изгледа како онаа од 2018 година. Метеоролозите на АкуВедр како и обично во нивната прогноза, детално опишуваат како времето може да влијае на речиси секој аспект од […]

Словенечкиот Парламент ќе гласа за доверба на владата на Јанша


Словенија– Парламентот на Словенија денеска ќе гласа за доверба на Владата на премиерот Јанез Јанша. Опозицијата ја обвинува Владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот на земјата, вклучително и поделба на власта и слобода на печатот, како и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата. Според локалните медиуми, се очекува опозицијата […]

Олеснети епидемиолошки мерки во Словенија


Словенија – Забраните за патување меѓу општините и регионите во Словенија се укинати, отворени се сите продавници и повторно се дозволени собири до десет лица откако земјата се префрли на портокаловото ниво на ограничувања. Собирите на јавни простори досега им беа дозволени на семејствата и членовите на исто домаќинство, но од денеска тие се ограничени […]