Нов земјотрес во Петриње од 4,0 степени


Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу хрватските градови Сисак и Петриња, а беше почувствуван и во Загреб. Претходно беше објавено дека јачината на земјотресот е 3,7 степени. „Во 13:08 часот, сеизмолозите регистрираа прилично силен земјотрес со епицентар недалеку од Петриње, во близина на Глинска Пољана. Јачината на […]

Кина донира 30.000 вакцини на Црна Гора


  Кина на Црна Гора официјално ѝ донира 30.000 дози од вакцината против корона вирус „Синофарм“, која наскоро треба да стигне во земјата, соопшти Владата во Подгорица, „Кинеските власти ги поддржаа своите производители да преговараат со нашите надлежни органи за набавка и да нѝ ги одобрат наведените количини вакцини, и тоа во форма на донација“, […]

Во Хрватска 365 новозаразени, починаа 24 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 365 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а активни се 2.291. Меѓу нив 829 пациенти се на болничко лекување, а 74 се на респиратор. Починаа уште 24 пациенти, а вкупно досега 5.399. Досега во Хрватска со корона вирус се заразиле 238.866 лица, а оздравеле 231.176. Вкупно се […]

Земјотрес кај Сисак, го почувствува и Пленковиќ во Владата


  Околу 13 часот во Хрватска повторно стресе земјотрес, со епицентар повторно кај Сисак, односно Петриња. СПоред првите информации, јавува Индекс, магнитудата била 3,7 степени според Рихтер. Епицентарот е на 18 километри од Сисак. Се чекаат официјални информации. Според страницата на ЕМСЦ, по овој земјотрес следувале уште два со јачина од 2,3 односно 1,9 степени […]

Бура во Брисел по нападите на Јанез Јанша врз новинари на Твитер


Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, ги крена на нозе илјадниците дописници и новинари откако лично нападна две жени новинарки преку Твитер, Европската комисија денеска експлицитно ги осуди неговите изјави, јавува дописничката на МИА од Брисел. Јанша, кој во стилот на Доналд Трамп, директно се пресметува со медиумите и новинарите преку социјалната мрежа Твитер, овој пат директно […]

Во Хрватска откриена бразилската мутација на корона вирусот


Бразилската мутација на корона вирусот е идентификувана првпат во Хрватска, потврди научниот тим од Лабораторијата за напредна геномика на Институтот „Руѓер Бошковиќ“. Според Институтот, од вкупно 50 анализирани примероци собрани во изминатите три месеци, тимот предводен од Оливер Вугрек кај еден примерок пронашол мутација на протеинот каков што постои во бразилскиот вид на корона вирус, […]

Упад во Министерството за здравство на Грција за поддршка на осудениот терорист Куфодинас


 Група од околу 60-70 млади лица рано утрово упадна во Министерството за здравство на Грција, фрлија летоци, закачија пано и извикуваа слогани за поддршка на барањата на Димитрис Куфодинас, осудениот терорист од организација „17 ноември“, кој веќе 42 дена штрајкува со глад, јави дописничката на МИА од Атина. „Солидарност до борецот Димитрис Куфодинас“ и „Штрајк […]

СПЦ бира нов патријарх


Србија–  Српската православна црква (СПЦ) ќе почне денеска со постапка за избор на нов поглавар, 46-от патријарх, откако претходниот Иринеј почина од последици на Ковид- 19 Седницата на Саборот, наместо во зградата на Патријаршијата, како што беше досега, ќе се одржи, како што објави Српската православна црква, во криптата на Храмот Свети Сава на Врачар во […]

Пленковиќ потврди за разговори за набавка на руската вакцина против Ковид-19


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ потврди дека Владата водела првични разговори со руската страна за набавка на вакцината Спутник V. – Aко таа вакцина добие одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА), ние сакаме да бидеме во позиција да го пополниме сегашниот недостиг на вакцини, изјави синоќа Пленковиќ, јави Хина. Оценувајќи дека има многу „какофонија“ […]

Крек: Поради мутациите на вирусот во Словенија може да се очекува и трет бран на епидемијата


Мутациите на корона вирусот, првпат откриени во Велика Британија и ЈАР се широко присутни во Словенија и е можно да надвладеат, па затоа може да се очекува и трет бран на епидемијата, изјави денеска директорот на словенечкиот Институт за јавно здравје Милан Крек.   Тој на прес-конференција рече дека моменталната инциденца од 551 заразено лице […]

ГЕРБ на Борисов ќе оди на избори како коалиција


 Првпат во својата 14-годишна историја, владејачката партија ГЕРБ достави документи за регистрација како коалиција за парламентарните избори во Бугарија, кои се закажани за 4 април. Ова се случи на последниот ден за регистрација. Партијата на Бојко Борисов ќе учествува во изборната трка заедно со Унијата на демократски сили, најстарата демократска формација од соборувањето на Тодор […]

Речиси 2.500 новозаболени во Србија, починаа 16


  Според последните податоци во Србија регистрирани се 2.467 новозаразени со корона вирус, а починаа 16 пациенти. Тестирани биле 13.063 примероци, а од почетокот на епидемијата 2.797.273. Во моментот во болница се лекуваат 3.451 пациенти, од кои 142 се на респиратор. Во Србија досега од Ковид-19 починаа 4.277 лица, а стапката на смертност изнесува 1 […]

Во Хрватска 502 новозаразени, а починаа 18 пациенти


  Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 502 нови случаи со корона вирус, а активни се 2.219. Од нив 884 се лекуваат во болница, а 82 се на респиратор. Истовремено починаа 18 пациенти или вкупно досега 5.375. Од почетокот на апнцдемијата во Хрватска од Ковид-19 се разболеа 238.501 лице, а оздравеа 230.907. До […]

Хотелиерите од Халкидики подготвени да покријат 50 отсто од трошоците за ПЦР тестовите на туристите


Намерата 50 отсто од трошоците за ПЦР тестовите за туристите чија дестинација е Халкидики да бидат покриени од членовите на Сојузот на хотелиери на Халкидики и на туристичката организација на полуостровот, ја изразува претседателот на двете организации, Григорис Тасиос говорејќи за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Тасиос, кој воедно е […]

Стејт департмент со предупредување до американските државјани да не патуваат во Црна Гора


Американскиот Стејт департмен ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Црна Гора поради пандемијата со Ковид-19. Во предупредувањето, од највисокиот четврти степен, се наведува дека граѓаните кои ќе патуваат во Црна Гора можат да се соочат со затворање на границите и аеродромите, забрана за патување, наредби да не го нашутаат домот, затворање на […]

Можно е второ затворање на Албанија поради влошената состојба со пандемијата


Можно е второ затворање на Албанија поради влошената состојба со пандемијата Претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и заменик министер за здравство, Мира Ракацоли, не ја исклучува можноста за второ затворање на Албанија поради влошената состојба со пандемијата, која во моментов ја оценува за како критична. -Во предлозите што ги дадовме не […]

Земјотрес од 5,1 по Рихтер регистриран во Грција


Грција – Земјотрес со интензитет од 5,1 степен беше регистриран утрово во Грција, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на 22 км североисточно од Патра, на длабочина од 2 км. Во моментов нема податоци за жртви или штети.

Таксистите во Љубљана не сакаат да се тестираат на секои 72 часа


Словенија – Повеќе од стотина таксисти во Љубљана синоќа возеа низ центарот на градот и о свирење протестираа против одлуката на Владата секои 72 часа да се тестираат за коронавирусот. Нивниот синдикат предупреди дека протестот ќе ескалира доколку Владата не ја повлече одлуката, која за нив е нелогична и претерана, во време кога се укинуваат некои ограничувања против […]

Хрватска ќе обезбеди до два милиона дози руска вакцина против Ковид-19


Хрватска– Во Хрватска во следните недели можно е да пристигнат до два милиона дози на руската вакцина „Спутник V“, а се чекаат само регулаторни фактори што мора да се исполнат за да се увезе вакцината, објави порталот Индекс. Порталот се повикува на извор близок до врвот на владата, кој рече дека деталите за соработката со Русија […]

Бугарија е втора земја по раст на економијата во ЕУ во четвртиот квартал


Бугарија се наоѓа на второто место меѓу земјите членки на ЕУ според економскиот раст, откако во четвртиот квартал од минатата година, БДП-то на земјата се зголеми за 2,1 отсто во споредба со претходниот, соопшти Евростат, јави дописникот на МИА од Софија. Само Романија се наоѓа пред нашиот источен сосед, со раст на Бруто домашниот производ […]