Нови 1.376 заразени во Хрватска, починаа 33 пациенти


Во последните 24 часа забележани се 1.376 новозаразени со корона вирусот во /Хрватска, а бројот на активни изнесува 13.432.

Од нив 1.511 пациенти се на болничко лекување, од кои 158 на респиратор.

Починаа 33 лица или вкупно досега 6.058.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеле 280.026 лица, до денеска тестирани се 1.582.500, од кои 6.850 во последните 24 часа.

Вакцинирани се 425.971 лица.