Пад на бројот заразени и починати во Босна и Херцеговина


 

По рекордните 2.154 заразени регистрирани во Босна и Херцеговина, денеска има пад на бројот заразени на 1.368, од 3.508 тестирани, а во истиот период починаа 40 пациенти.

Во Федерацијата по направени 2.223 тествои, 861 биле позитивни на корона вирус.

Досега тестирани се 553.450 примероци, а корона вирусот е потврден кај 114.849 лица.

Во последното деноноќие починале 21 пациент или вкупно 3.839.

Во Република Српска од тестирани 1.154, позитивни се 420 лица, а починале уште 19 заболени со Ковид-19 или вкупно досега 2.746.

Досега потврдени се 54.958 случаи со корона вирус.

Во Брчко регистрирани се 87 нови случаи на зараза по тестирани 131 примерок, а оздравеа 18.