Помалку новозаразени во Србија, починаа 38 пациенти
Според најновите информации во Србија забележани се 4.133 новозаразени со корона вирус, а тестирани биле 13.909.
Починаа уште 38 лица или вкупно досега 5.422.
На респиратор се 297 пациенти, од вкупно 7.749 што се лекуваат во болница.
Во Србија досега се регистрирани 614.365 случаи со корона вирус, а тестирани се 3.471.955.
Кризниот штаб вчера одлучи да дозволи отворање на угостителските објекти во бавчите од понеделник, со посебни мерки, како и продолжување на работата на продавниците до 22 часот.