Значителен пад на бројот заразени во Србија
Денеска во Србија регистрирани се 3.304 нови случаи со корона вирус, а во истиот период починаа уште 36 пациенти.
На респиратор се 292.
Досега се вакцинирани 1.090.763 граѓани, со руската „спутник V“ вакцина, кинеската „Синофарм“, вакцината на „Фајзер/Бионтек“, и со „АстраЗенека“.
Во Србија досега се вакцинирани 26 отсто од возрасните граѓани со една доза, а ревакцинирани се 19 отсто, соопшти премиерката Ана Брнабиќ.
„Верувам дека Србија ќе биде земја која ќе го следи трендот на Израел, Велика Британија и ОАЕ“, вели таа и додава дека тие држави речиси да го вратиле животот во нормала.
„Се надевам дека до крајот на јуни и ние ќе го вратиме животот во нормала“, додаде таа.