Во БиХ рекордни 2.154 заразени, починаа 88 пациенти
Во последните 24 часа, во БиХ се регистрирани 2.154 нови случаи на инфекција од коронавирус по тестирање на 5.690 примероци.
Ова е најголем број на нови инфекции за еден ден од почетокот на пандемијата.
Во истиот период починале 88 лица кај кои овој вирус бил регистриран порано.
Во Федерацијата пријавени се 4.412 примероци, од кои позитивни биле 1.549.
Досега се тестирани 551.227 примероци, а позитивни биле 113.988. ДО денеска излечени се 89.950 пациенти, а активни се 20.220.
Во последното деноноќие во Федерацијата починале 58 пациенти со Ковид-19 или 3.818 вкупно.
Во Република Српскатестирани се 1.102, а позитивни биле 479 лица.
Пријавеин се 29 смртни случаи или вкупно 2.727.
ДО сега во РС од Ковид-19 заболеле 54.538 луѓе.
Во Брчкоод 176 тестови 126 биле позитивни. Почина едно лице.