Во еден примерок најдени два соја од корона вирусот


Откако во Универзитетскиот клинички центар во Република Српска на еден примерок откриена е присутност на два соја од вирусот, специјалистот за микробиологија и паразитологија Вишња Мрѓен вели дека тоа теоретски е можно.

На примерокот откриен е вуханскиот сој и мутацијата која се наоѓа во британскиот и јужноафриканскиот сој.

Мрѓен вели дека со понатамошна дијагностика мора да се продолжи со секвенционирање на вирусот што ќе се спроведува во Институтот за јавно здравство на РС:

„Теоретски е можно кај еден пациент да откриеме присуство на два соја од корона вирусот. Понатамошна и потполна дијагностика се заокружува со секвенционирање кое ќе го работат колегите од Институтот“, наведува Мрѓен.

Таа за „Независне новине“ рече дека во УКЦ од 15 до 31 март издвоени се 96 позитивни примероци кои ќе бидат тестирани на мутантскиот сој на корона вирусот и дека во тек е анализа на овие примероци.