Во Босна и Херцеговина 1.972 новозаразени, починаа 79 пациенти
Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 5.650 примероци, а регистрирани 1.972 нови случаи на зараза. Починаа уште 79 пациенти.
Во Федерацијата тестирани се 4.114 примероци, од кои 1.286 позитивно.
Досега се тестирани 543.007 луѓе, а вирусот е потврден кај 111.402 лица.
До денеска излечени се 88.896 пациенти.
Пријавени се уште 47 смртни случаи или вкупно досега 3.709.
Во Република Српска тестирани се 1.379, а вирусот е потврден кај 601 лице.
Пријавени се уште 29 смртни случаи или вкупно 2.674.
Досега регистрирани се 53.483 заразени.
Во Брчко тестирани се 157 лица, а позитивни биле 85. Починаа тројца пациенти со Ковид-19.