Во Хрватска расте бројот новозаразени, починаа 20 пациенти
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 2.422 случаи на зараза со корона вирус, а активни се 12.448.
Од нив 1.390 пациенти се лекуваат во болница, а 155 се на респиратор.
Починаа 20 лица.
Од почетокот на пандемијата до денеска регистрирани се 274.054 лица заразени со корона вирусот, а починаа 5.967. Оздравеа 255.639, а вкупно се тестирани 1.559.330, од кои 9.476 во последните 24 часа.
До денеска вакцинирани се 385.724 лица.