Во Хрватска нови 1.487 заразени, починаа 17
Во последните 24 часа забалежани се 1.487 новозаразени со вирусот Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува 9.622.
Меѓу нив 1.289 пациенти се на болничко лекување, од кои 127 на респиратор.
Починаа 17 лица или вкупно досега 5.928.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска со корона вирус се заразиле 269.009 лица, а оздравеле 253.459.
Тестирани се вкупно 1.539.232, од кои 9.064 во последните 24 часа.
До вчера вакцинирани се 367.458 лица.
Директорката на Клиниката за инфективни болести, Алемка Маркотиќ предупреди дека се заканува есенското сценарио.
„Тешко е да се прогнозира. Единствена добра вест е дека, откако почна третиот бран, нешто поспоро се качуваме отколку во вториот бран. Како што доаѓа потоплото време, треба барем да се обидеме да успориме и што повеќе да го намалиме бројот на потенцијално заволени“, додава таа.