За три дена во Србија вакцинирани 22.000 странци: Кој профитираше?
За три дена во Србија се вакцинирани повеќе од 22.00 странци, што донесе и економски профит.
Покрај огромната заинтересираност за вакцини, оживеа и побарувачката за изнајмување станови на ден, кои, поради пандемијата и малкуте туристи претрпеа гутитоци.
Илјадници граѓани од регионот побрзаа да се вакцинираат во Србија, а метежот пред штандовите се прелеа на праговите на станови во Белград. Цените за изнајмување станови на ден се движат од 20 до 40 евра, па затоа тој вид сместување се смета како примамлив за луѓето кои доаѓаат во Србија за краток период.
„Може да кажеме дека становите кои се во близина на болницата се букирани, најќесто од граѓани од Црна Гора и Босна и Херцеговина“, вели Јана Алексиќ од „Хало огласи“, пренесува ТВ Прва.
Странските државјани, вакцинирани ја напуштаат Србија, а ревакцинацијата со „АстраЗенека“ закажана е за 12 недели, па на нивно враќање најмногу се радуваат токму станодавците.
„Голем број луѓе дојдоа од соседните држави, а немаа време да престојуваат. Побрзаа да примат вакцина. Имаше многу заинтересирани, ќекаа со автомобили и брзо се враќаа. Тоа не значи дека за три недели, или кога и да треба да се вратат нема да сакааат да резервираат стан“, вели Каќа Лазаревиќ од една агенција за недвижности.
Покрај станодавците, профитираа и бензинските пумпи, штандовската продажба на храна и кафе, но овој потег на Србија придонесе на многу поинакво поле од економското.
„Економијата овде е во втор план. Да планиравме да профитираме од нивното доаѓање, ќе ги отворевме рестораните и трговските центри и тогаш навистина ќе профитиравме. Човечките односи најмногу профитираа, покажавме солидарност. Покажавме дека во овие тешки моменти не мислиме само на себе туку и на нашето окружување’, вели уредникот на економската рубрика на „Вечерње новости“, Душан Стојаковиќ.
Попуштањето на епидемиолошките мерки придонесоа странците подолго да останат и да уживаат во пролетта во Србија. Станодавците очекуваат дека побарувачката со убавото време во наредните месеци секако ќе се зголеми.