Повторно рекорден број новозаразени со Ковид-19 во Албанија


Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи со Ковид-19 во едно деноноќие. Според Министерството за здравство и социјална заштита од направените 546 тестови позитивен резултат е добиен кај 130 од нив, што е највиска бројка досега од почетокот на пандемијата во првите денови на месец март. Албанската метропола продолжува да биде главно …

Повторно рекорден број новозаразени со Ковид-19 во Албанија Read More »

Во Србија нови 287 заразени, починаа седуммина


  Во последните 24 часа во Србија забележани се 287 нови случаи на заразени со корона вирус, а починаа седум пациенти со Ковид-19. Тестирани се 9.590, а на респиратори се 143 пациенти. Вкупно од почетокот на пандемијата досега починаа 605 пациенти. Тестирани се 703.246 примероци.

Епидемијата во БиХ никако да се смири, нови 377 заразени


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 377 лица заразени со корона вирусот. Во Федерацијата БиХ тестирани се 974 примероци, од кои 301 се позитивни на корона вирус, пренесе klix.ba. Досега се тестирани 89.551 примероци, а корона вирусот е потврден кај 7.517 лица. ДО денеска оздрава, 3.782 пациенти, а активни се …

Епидемијата во БиХ никако да се смири, нови 377 заразени Read More »

По косовскиот премиер, и неговиот заменик позитивен на Ковид-19


По косовскиот премиер Авдулах Хоти, денеска и неговиот заменик, вицепремиерот Дритон Селманај, информира дека резултирал позитивен на тестот што го извршил за Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави самиот Селаманај преку својата страница на Фејсбук, наведувајќи дека денешните резултатие од вчерашното тестирање покажале оти е асимптоматичен. – Вчера го направив тестот …

По косовскиот премиер, и неговиот заменик позитивен на Ковид-19 Read More »

Заразени во Хрватска ги премолчуваат контактите за пријателите да не им одат во изолација


  Хрватските епидемиолози се жалаат дека голем број од заразените со корона вирус ги премолчуваат контактите затоа што сакаат да ги спречат пријателите да одат во самозилоација. Според пишувањето на „Јутарњи лист“, заразените тоа го прават за да ги спасат пријателите кои одат на летување, или затоа што сакаат да избегнат самоизолација во сред испитен …

Заразени во Хрватска ги премолчуваат контактите за пријателите да не им одат во изолација Read More »

Земојтрес од 5,7 степени на југоистокот на Турција


Земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди провинцијата Малатија во југоисточна Турција, соопшти Институтот за истражување земјотреси и опсерваторијата Кандили. Земјотресот се случил на длабочина од пет километри. Градоначалникот на Путурга, каде што е епицентарот на земјотресот, за телевизијата Си-Ен-Ен Турк изјави дека земјотресот предизвикал некои штети, но нема извештаи за евентуални жртви …

Земојтрес од 5,7 степени на југоистокот на Турција Read More »

Брнабиќ: Јас сум еден од кандидатите за премиер, поблиску сме да коалицираме со Шапиќ


Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ сериозно размислува да влезе во коалиција со лидерот на Српскиот патриотски сојуз (СПАС), Александар Шапиќ и наведе дека таа е еден од двајцата кандидати за премиер на новата влада. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк, кажа дека Вучиќ бил …

Брнабиќ: Јас сум еден од кандидатите за премиер, поблиску сме да коалицираме со Шапиќ Read More »

Експлозија на плинска боца во болница во Косово, изгорен пациент со Ковид-19


На Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина експлодира боца со кислород, пренесува „Косово онлајн“. Притоа е повреден пациент кој се лекувал од Ковид-19 и кој бил на кислородна терапија, пишува „Љајми“. Приштинскиот медиум наведува дека пациентот се здобил со повреди и изгореници на горните екстремитети. Сведок на настанот изјави за …

Експлозија на плинска боца во болница во Косово, изгорен пациент со Ковид-19 Read More »

Од ОН за Црна Гора два милиона долари помош за борба со Ковид-19


САД– ОН издвоија два милиона долари за да и помогнат на Црна Гора во борбата против коронавирусот и собираат дополнителни 5,5 милиони американски долари за поддршка на одговор на пандемијата, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак. Тој додаде дека Програмата за развој на ОН и Канцеларијата за развој на проекти обезбедиле медицинска и заштитна опрема. – …

Од ОН за Црна Гора два милиона долари помош за борба со Ковид-19 Read More »

Двајца починати и 77 нови случаи на Ковид-19 во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани два смртни случаи од Ковид-19 и 77 новозаразени, од кои осум се по направените тестови на влезните точки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, најголемиот број нови случаи- 28 се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, а регистрирни се случаи во …

Двајца починати и 77 нови случаи на Ковид-19 во Грција Read More »

Сопствениците на базени во Косово бараат да работат или ќе ја блокираат границата со Албанија


Сопствениците на базени за капење во Косово се заканија дека ќе ја блокираат границата со Албанија, доколку косовската влада не ја смени одлуката со која им се забранува работата поради опсаноста од ширење на епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Неколку десетици претставници на бизнисот се собраа денеска на протест пред Владата …

Сопствениците на базени во Косово бараат да работат или ќе ја блокираат границата со Албанија Read More »

Нови седум починати и 250 заболени од Ковид-19 во Косово


Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК) во редовниот дневен извештај за состојбата со Ковид-19, попладнево објави дека вчера во земјата се евидентирани седуммина починати кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата се искачи на 256. Како јави дописникот на МИА од Приштина, изминатите 24 часа …

Нови седум починати и 250 заболени од Ковид-19 во Косово Read More »

Уште еден лекар, трет кој почина во Албанија од коронавирус


Албанија– Во болницата Шефќет Ндроќи, позната како болница Ковид2, во Тирана, почина познатиот албански пулмолог Анибал Бибери (53), кој прво се лекувал во домашни услови, но пред неколку дена бил префрлен во болницата, каде и покрај сите напори на неговите колеги починал денеска. Бибери повеќе години работел како лекар и во познатиот затвор „302“ во Тирана. Тој е трет …

Уште еден лекар, трет кој почина во Албанија од коронавирус Read More »

Уште 258 новозаразени во Србија, починаа осуммина


  Во Србија во последните 24 часа заразени се уште 258 лица, а починаа осум луѓе. Ова е најмал број новозаболени во еден ден од 29 јуни наваму. На респиратор се 146 пациенти. Во изминатото деноноќие тестирани се 7.168 лица, а во болница се 3.554 пациенти. Вкупниот број починати се зголеми на 598 од почетокот …

Уште 258 новозаразени во Србија, починаа осуммина Read More »

Во Хрватска нови 34 заболени, но починаа четворица


Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 34 новозаразени со корона вирус. Со тоа бројот на активни случаи изнесува 703, а починаа четири пациенти, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. На болничко лекување се 130 пациенти, од кои шест на респиратор. Од почетокот на епидемијата до денеска регистрирани се 5.294 лица заразени со …

Во Хрватска нови 34 заболени, но починаа четворица Read More »

Десетмина починаа во БиХ од Ковид-19, новозаразени 165


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа направени се 1.213  тестови на корона вирус од кои 165 биле позитивни, а забележани се и десет смртни случаи. Во Федерацијата од 627 тестирани 125 се позитивни, починаа четворица, а во Република Српска тестирани се 586 примероци од кои позитивни се 40, починаа шетмина. Во федерацијата досега …

Десетмина починаа во БиХ од Ковид-19, новозаразени 165 Read More »

Србите почнаа да ја откриваат и Србија, а не само Грција


Ова лето, за Србите одморот во странство стана невозможна мисија поради пандемијата, па сезоната им пружи можност да ја запознаат Србија подобро од порано. Поради сето ова, некои локации се преполни со луѓе кои чекаат во редови. Судејќи според фотографиите на социјалните мрежи три дестинации се хит во Србија ова лето: Розе езерото во бањата …

Србите почнаа да ја откриваат и Србија, а не само Грција Read More »

Демонстрантите фрлаа со јајца и домати врз српскиот Парламент


Учесниците на протестот фрлаа со јајца и домати врз зградата на Надродното собрание на Србија, кога видоа дека пратениците излегуваат од зградата. Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето Доста беше (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот организиан од ДЈБ. Но, Радуловиќ не е казнет бидејќи демонстрантите се …

Демонстрантите фрлаа со јајца и домати врз српскиот Парламент Read More »

Сега и Грција стана проблематична за Ковид 19


Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 кај туристи што се вратиле од различни делови на Грција, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека ја преместува Грција во втората категорија земји и за патување е задолжителен негативен тест. Одлуката стапува во сила на 6 август, а до тогаш ќе бидат зголемени тестовите по случаен избор …

Сега и Грција стана проблематична за Ковид 19 Read More »

Кипар воведува задолжителен тест за туристите од Грција


Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 кај туристи што се вратиле од различни делови на Грција, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека ја преместува Грција во втората категорија земји и за патување е задолжителен негативен тест, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката стапува во сила на 6 август, а до тогаш ќе …

Кипар воведува задолжителен тест за туристите од Грција Read More »