Дојава за бомба пред суд во Сараево


Општинскиот суд во Сараево утрово беше евакуиран поради дојава дека е поставена експлозивна направа, соопшти Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон. Министерството за внатрешни работи наведува дека биле информирани оти бомбата е поставена околу 9:00 часот. Повеќе информации ќе бидат познати по увидот кој е во тек, додаде кантоналното МВР.

Стадионот „Маракана“ под блокада


Полицијата  го блокирала црвено-белиот стадион во текот на ноќта и  блокадата продолжува. Тренинзите  на играчите се откажани, а полицијата спречува приближување кон Маракана. Засилени полициски сили се распоредени од раните утрински часови пред стадионот „Рајко Митиќ“, кој во моментов е под блокада. Полицајците со долги цевки го спречуваат пристапот кон Маракана. Возилата на единицата за …

Стадионот „Маракана“ под блокада Read More »

Словенија рабoти на вакцина против коронавирус во форма на спреј за нос


Експерти од Националниот хемиски институт на Словенија планираат да користат своја вакцина против коронавирусот во форма на спреј за нос. Ова го објави словенечката новинска агенција. „Оваа технологија е интересна од научна и техничка гледна точка и веројатно ќе се користи за други вируси и вакцини. На овој начин се подготвуваме за потенцијални идни пандемии …

Словенија рабoти на вакцина против коронавирус во форма на спреј за нос Read More »

Петриња не престанува да се тресе


Утрово во 5.59 часот, на подрачјето на петриња во Хрватска почувствуван е земјотрес со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала. Како што извести Сеизмолошката служба, сеизмографите забележале умерен земјотрес со епицентар на 4 км југозападно од Петриња. Магнитудата изнесувала 3 степени по Рихтер, а интензитетот во епицентаорт бил IV степени по ЕМС скалата.

Во Истра уапсени 27 луѓе за кои постои сомнеж дека лажирале сообраќајни несреќи


Хрватска– Истарската полиција соопшти дека се упасени 27 лица под сомнение дека лажирале сообраќајни несреќи и мамеле осигурителни компании. Се сомнева дека двајца мажи, од кои едниот од претходно се наоѓа во истражен затвор, и една жена извршиле злосторничко здружување, измама и фалсификување исправи, додека останатите лица се товарат за лажирање сообраќајни несреќи, со што помогнале во измамата. Од 2012 до …

Во Истра уапсени 27 луѓе за кои постои сомнеж дека лажирале сообраќајни несреќи Read More »

Во Србија вакцинирани над пола милион лица


Србија-Досега повеќе од половина милион луѓе се вакцинирани против коронавирус во Србија, точно 513.652, јави допсиникот на МИА од Белград. Србија сè уште е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија . Според бројот на вакцинации на милион жители само Велика Британија е подобра од …

Во Србија вакцинирани над пола милион лица Read More »

Во Хрватска 730 новозаразени, починаа 17


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 730 нови случаи со корона вирус, а починаа 17 пациенти. Тестирани биле 7.023 лица. Активни се уште 2.926, а 1.222 се лекуваат во болница, од кои 99 на респиратор. Во Хрватска дпсега се забележани 233.637 заразени, починаа 5.088, оздравеа 225.623. Досега тестирани се вкупно 1.206.372 лица.

Анкета: Во новиот бугарски парламент ќе влезат шест партии


Денеска објавените резултатите од најновото социолошко истражување на јавното мислење во Бугарија на агенцијата „Маркет линкс“ покажуваат дека владејачката ГЕРБ на изборите би добила 17,3 отсто од гласовите, а по неа ќе следи БСП со 15,3 отсто. Според анкетата трета политичка сила во моментов во Бугарија и во новиот парламент ќе биде Има таков народ …

Анкета: Во новиот бугарски парламент ќе влезат шест партии Read More »

Вучиќ од Путин побарал нови дози на вакцини и помош за нивно самостојно производство


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин и го замоли да и помогне на Србија што поскоро да добие дополнителни количини на руската вакцина, за да што повеќе и побргу српските граѓани добијат сигурна заштита од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград. -Вучиќ му се заблагодари на претседателот …

Вучиќ од Путин побарал нови дози на вакцини и помош за нивно самостојно производство Read More »

Ердоган ги нарече „терористи“ студентите што протестираат


ИСТАНБУЛ – Претседателот Таип Ердоган во средата рече дека неговата влада нема да дозволи едномесечните демонстрации на турски универзитет да прераснат во антивладини протести слични на оние во 2013 година, нарекувајќи ги демонстрантите „терористи“. Наспроти владината забрана за демонстрации, студенти и наставници на универзитетот Богазичи во Истанбул протестираа против назначувањето на Ердоган за ректор на …

Ердоган ги нарече „терористи“ студентите што протестираат Read More »

Берош: Во Хрватска нема простор за ублажување на епидемиолошките мерки


Нема простор за олеснување на епидемиолошките мерки, изјави денеска министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош и ги повика граѓаните да бидат трпеливи. – Здравјето е на прво место и без тоа, се паѓа во вода. Не смееме да бидеме нестрпливи и да направиме погрешен потег. Сите сме сведоци на она што може да се …

Берош: Во Хрватска нема простор за ублажување на епидемиолошките мерки Read More »

Во БиХ уапсени шестмина цариници поради примање мито


Шестмина цариници се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение за примање мито, а сите биле одговорни за спречување царинска измама, потврди Обвинителството на БиХ, кое ја спроведува истрагата. Постапувајќи по наредба на Судот на БиХ, членовите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) извршија рација во објектите каде што се …

Во БиХ уапсени шестмина цариници поради примање мито Read More »

Рама се пофали дека само Албанија и Србија од Балканот почнале со вакцинација против Ковид-19


 Албанскиот премиер Еди Рама се пофали дека неговата земја и  Србија  се единствените земји во регионот кои започнале со вакцинација против Ковид-19. Рама на прес-конференција, откако ја прими и втората доза на вакцината истакна дека ситуацијата поврзана со вакцинацијата низ Европа е хаотична, бидејќи големите земји им се закануваат на компаниите. – Големите земји, како …

Рама се пофали дека само Албанија и Србија од Балканот почнале со вакцинација против Ковид-19 Read More »

Рама ја прими втората доза од вакцината на „Фајзер“


Албанија – Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја прими втората доза од вакцината на “Фајзер” против Ковид – 19 . Тоа е една од 1.170  дози вакцини што доцна синоќа пристигнаа во Тирана од споменатата компанија. Рама најави дека, врз основа на договорот со Фајзер, следната недела во земјата ќе пристигнат уште 10 илјади дози, а …

Рама ја прими втората доза од вакцината на „Фајзер“ Read More »

Во Хрватска нови 387 новозаразени, починаа 17 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 387 нови случаи со корона вирус, а активни се 2.536. Од нив 1.258 пациенти се лекуваат во болница, а 91 се на респиратор. Починаа 17 пациенти, Досега во Хрватска се забележани 232.907 заразени, починаа 5.071, оздравеа 225.300. Тестирани се вкупно 1.199.349, од кои 6.343 во последните 24 …

Во Хрватска нови 387 новозаразени, починаа 17 пациенти Read More »

„Фајненшл тајмс“: Балканските држави се вртат кон Русија и Кина за вакцините


Балканските држави се обидуваат да стигнат до анти-ковид вакцини од Русија и од Кина во недостиг на дози што ги произведуваат западните компании. Притоа, се нагласува во текстот на угледниот лондонски „Фајненшл тајмс“ (ФТ), станува збор за држави кои сакаат да станат членки на НАТО и на Европската Унија (ЕУ). – Светот удри во глечер, …

„Фајненшл тајмс“: Балканските држави се вртат кон Русија и Кина за вакцините Read More »

Судот од Стразбур ја осуди Бугарија за неефикасна истрага за наводите за сексуално злоупотреба деца сместени во институција


Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Стразбур во пресудата донесена од Големиот совет, во случајот Х и други против Бугарија (апликација бр. 22457/16), во врска со наводите за сексуална злоупотреба на три деца во дом за деца во Бугарија, пред нивното усвојување од италијанска брачна двојка во јуни 2012 година, оцени дека Бугарија не …

Судот од Стразбур ја осуди Бугарија за неефикасна истрага за наводите за сексуално злоупотреба деца сместени во институција Read More »

Малопродажбата во Грција загубила четири милијарди евра


За девет месеци рестриктивни мерки во Грција и два карантини, процените, според грчкиот весник „Катимерини“ се дека малопродажбата загубила околу четири милијарди евра, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот пишува дека според податоците од Службата за статистика, во првите девет месеци од 2020 година загубата е над три милијарди евра, но објаснува дека ако …

Малопродажбата во Грција загубила четири милијарди евра Read More »

Брисел и натаму не може да даде рок за достава на вакцини за Западен Балкан


Ниедна служба на Европската Комисија не е во можност да даде одговор кога западниот Балкан може да ја очекува ветената поддршка за вакцинација, јавува дописничката на МИА од Брисел. Портпаролските служби во Европската Комисија стојат на изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен, дадена за МИА пред две недели, дека „што поскоро“ треба да се …

Брисел и натаму не може да даде рок за достава на вакцини за Западен Балкан Read More »

Уште еден земјотрес во Петриња


  Во текот на ноќта, крај Петриња во Хрватска, забележан е уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер, соопшти утрово Сеизмолошката служба. „Ноќеска, на 2 февруари, во 2.43 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епидентар на 7 киломтери јужно од Петриња“, објавено е на официјалната страница на Сеизмолошката служба, …

Уште еден земјотрес во Петриња Read More »