Србија не очекува заклучување за Велигден
Во Србија последното деноноќие потврдени се уште 2.583 новозаболени од Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа уште 34 лица.
Дали Велигден ќе се помине под клуч, д-р Бранислав Тиодоровиќ за Б92 вели дека очекува Србија да остане на истите мерки и дека разбира оти на луѓето име преку глава од вирусот. – Но, мора да останеме претпазливи – додава тој.
Тиодоровиќ, кој е еден од членовите на Кризниот штаб, прашан со кој став ќе излезе на состанокот на штабот пред велигденските и првомајските празници, вели дека не верува оти ќе се повтори Велигден „под клуч“, како лани.
– Верувам дека ќе останеме на овие мерки и дека нема да дојде до драстично заострување, како лани – рече Тиодоровиќ.