Во Хрватска уште 1.565 заразени со корона вирус, починаа 39 пациенти
Во последните 24 часа забележани се 1.565 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува 15.668.
Меѓу нив 2.105 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор има 194 пациенти.
Починаа 39 пациенти или вкупно 6.562 досега.
Од февруари лани досега забележани се 307.790 заразени, а оздравеа 285.560 лица.
Тестирани се вкупно 1.700.615 лица, од кои 7.535 во последните 24 часа.
До вчера имунизирани се 552.559 лица.
Во споредба со претходната недела денеска има 1.565 нови од 7.545 тестирани, а тогаш имало 1.617 од 9.307 тестирани.