Грчката влада се надева дека од мај ќе има постепено отворање на туризмот


Се надеваме дека во мај, кога ќе бидат вакцинирани нашите сограѓани над 60 години ќе можеме постепено да го отвориме и туризмот, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, истакнувајќи дека сепак сѐ ќе зависи од епидемиолошката слика во земјата и процесот на имунизација, јави дописничката на МИА од […]

Повторно повеќе од 4.000 новозаразени во Србија, починаа 17 пациенти


Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 13.596 лица за корона вирус, од кои 4.091 биле позитивни, додека починале 17 лица. Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 176 лица на апарати за дишење. Денес се одржа состанок помеѓу министерот за здравство, Златибор Лончар и директорите на ковид-болниците, по што беше […]

Хрватска не престануваат да ја тресат земјотреси


  Денеска околу 13.45 часот во Хрватска бил почувствуван послаб змејотрес, југозападно од Сисак. Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени според Рихтер, со епицентар на 25 километри југозападно од Сисак кај Глина. Сеизмолошката служба дополнително извести дека јачината била 3.6 степени според Рихтер. #potres (#earthquake) 8.3. u 13:44 kod Gline, M3.6. Opširnije na https://t.co/RiVKEPdzPg. […]

Во Албанија загрижувачки раст на младите меѓу новозаразените со Ковид-19


Албанија – Албанија регистрира уште еден неделен црн биланс во однос на починати и новозаразени лица од Ковид-19 откако Министерството за здравство соопшти дека изминатата седмица починале 143 лица, меѓу кои и 22-годишна студентка од Ерсек, без други коморбилитети. Во меѓувреме, според лекарите од Инфективната клиника, се забележува уште еден многу вознемирувачки феномен, а тоа е […]

Во БиХ починаа дури 39 пациенти со Ковид-19


  Според официјалните податоци од Босна и Херцеговина денеска, се пријавени 393 новозаразени до корона вирус, а тестирани биле 2.218 примероци. Починаа дури 39 пациенти. Во Федерацијата се регистрирани 304 позитивни, од 1.718 тестирани. Пријавени се 25 починати или вкупно 2.819. Во Република Српска тестирани се 495 примероци, од кои 86 се позитвини, а починале […]

Во Хрватска нови 19 жртви на Ковид-19, новозараени 94


  Денеска во хрватска регистрирани се нови 94 заразени од 2.178 тестирани. Процентот на позитивни изнесува 4,3 отсто. На респиратор во болница се 74 пациенти, што е за 10 отсто повеќе од претходниот ден. Вчера се примени нови 72 пациенти. Во 24 часа починаа уште 19 лица од Ковид-19.  

Во Словенија во јануари регистрирани за третина повеќе умрени отколку во јануари 2020 година


Во Словенија во јануари годинава умреле 2.617 лица, што е за 32,8 проценти повеќе отколку во истиот месец од 2020 година и за 27,5 проценти повеќе од просекот за јануари во периодот меѓу 2015 и 2019 година, покажуваат податоците на Централното биро за статистика,што денеска беа соопштени во Љубљана. Во три дена од јануари биле […]

Во Србија повеќе од 3.000 новозаразени, починаа 20 лица


  Според последните информации во Србија се регистирани 3.042 новозаразени, а починаа уште 20 пациенти со Ковид-19. Во последните 24 часа тестирани се 10.343 примероци, а вкупно од почетокот на епидемијата 3.041.684. Во болница се лекуваат 4.199 пациенти, додека 171 се на респиратор. Стапката на смртност е 0.94 отсто. До сега во Србија, дадени се […]

Рама: Обезбедувањето вакцини е сон поради кој не можам да спијам


Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Лежа порача дека само прашање на ден е отпочнувањето на масовната вакцинација на населението против Ковид-19, со што, како го оцени ќе биде спасен туризмот и ќе биде голема помош за бизнисот. Вакцината, нагласи тој, е единствената алатка, единствената „секира“ што ќе го прекине синџирот на инфекција. -Ако извршиме […]

Вучиќ прикажа фотографии од масакрирани тела на навивачи


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по завршената седница на Советот за национална безбедност извести за разговорите на седницата, а шокираше со фотографии од масакрирани тела на навивачи. Седницата почна денеска во 18 часот, а на неа се разговарало за важни теми како борбата против организираниот криминал, ситуацијата во Косово, епидемијата во Србија и за односите […]

Велчев: Во Бугарија по воведувањето на еврото нема да се зголемат цените


Поранешниот бугарски министер за финансии Милен Велчев за „Нова њуз“ изјави дека по воведувањето на еврото во Бугарија нема да има зголемување на цените, јави дописникот на МИА од Софија. – Секој Бугарин е навикнат на еврото и не му треба долг период на адаптација. Шпекулации со цени се можни сега, а по усвојувањето на […]

Авион на „Ер Франс“ принудно слета во Софија, откако патник се обидел да влезе во пилотската кабина


Индиец е уапсен на аеродромот во Софија откако авион на „Ер Франс“ кој летал од Париз до Њу Делхи принудно слета во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Индиецот се обидел да влезе во пилотската кабина, но бил неутрализиран уште во авионот. Мотивите за неговото однесување се уште не се познати. Обвинителката на Софија, […]

Дашо: Во Албанија има многу повеќе смртни случаи од официјалните бројки


 Експертот од албанското јавно здравство, Ерион Дашо, бара зајакнување на антиковид мерките и пти тоа ја обвини Владата дека манипулира со бројката на смртните случаи од Ковид-19. Според него, ако е пријавен еден смртен случај, тогаш реално пет лица го загубиле животот од последици од Ковид-19. – Се чудам и воопшто не можам да сфатам […]

БиХ: Онлјан уметнички креации од постари лица додека трае пандемијата


Уметничкото здружение „Наш мост“ во Зеница, Босна и Херцеговина, преку уметност и култура, промовира социјално вклучување на стари лица и други ранливи групи и е едно од ретките места во градот каде што тие се среќаваат, се дружат и се забавуваат. Поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, Центарот за уметност беше затворен речиси од самиот почеток […]

Габровски: Речиси 90 отсто од новозаразените во Бугарија се со британската мутација на корона вирусот


Во Бугарија во моментов има јасна тенденција на зголемување на инциденцата на Ковид-19, а речиси 90 отсто од новите инфекции се со британската верзија на корона вирусот, јави дописникот на МИА од Софија. Во најголемата бугарска болница за итни случаи „Пирогов“ малку повеќе од половината од ковид креветите се пополнети, изјави проф. Никола Габровски, заменик […]

Мета: Тој што нема да гласа на изборите нема морално право да се жали на последиците од владеењето


Претседателот Илир Мета денеска ги повика албанските граѓани да гласаат на изборите на 25 април. Преку видео запис на Фејсбук, шефот на албанската државата нагласи дека граѓанинот кој нема да гласа,  нема морално право да се жали на последиците од управувањето или непочитувањето на неговиот глас. -Секој граѓанин кој не гласа, морално нема право да […]

Во Србија пристигнаа нови 500 илјади дози вакцини на „Синофарм“


Нови 500.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“ против коронавирус ноќеска пристигнаа на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.Авионот со кинески вакцини на аеродромот го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ. -Почитувани граѓани, покрај протоколот дојдов вечерва на аеродромот Никола Тесла, а зад мене е нашиот најголем авион А330, кој испорача 500.000 дози на кинеската вакцина Синофарм“, објави […]

САД му удрија „шлаканица“ на Борисов среде изборна кампања


Боб Менендез (демократ) и Џим Рич (републиканец), претседател и член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, издадоа заедничко соопштение за односите на САД со Бугарија, практично еден ден пред почетокот на изборната кампања удирајќи им на тој начин, според бугарските медиуми, „шлаканица“ на ГЕРБ и на Бојко Борисов. Иако преставници на владејачката партија, вклучувајќи […]

Бајден и Фон дер Лајен согласни дека и Западен Балкан е прашање од заеднички интерес


САД– Американскиот претседател, Џо Бајден, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера се согласија да се координираат за прашањата од заеднички интерес, вклучувајќи го и прашањето на Западен Балкан. Во телефонскиот разговор со шефицата на европската Влада, американскиот претседател ја истакна неговата поддршка за Европската унија и неговата посветеност за подобрување и […]

На Словенија ѝ се заканува нов бран пандемија, расте бројот новозаразени


  Иако допушти работа на средните училишта со физичко присуство на учениците, како и работа на угостителите на терасите, словенечката Влада предупредува на влошување на епидемиолошката состојба. Една година од првиот случај на зараза во земјата, се заканува нов бран на епидемијата, посебно поради новите соеви на корона вирусот. „Кривите нѝ растат, може се наоѓаме […]