Бугарските социјалисти го поддржаа Румен Радев за втор претседателски мандат
Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија одлучи да ја поддржи претседателската двојка Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат со 122 гласа „за“, ниту еден против и девет воздржани, јави дописникот на МИА од Софија.
Членовите на Националниот совет формираа работна група за комуникација со претседателската двојка за формулата за нејзино номинирање, иницијативниот комитет и политиките што ќе ги бранат Радев и Јотова.
Групата за комуникација ќе биде предводена од лидерот на БСП, Корнелија Нинова и ќе вклучува високи претставници на раководството на партијата, меѓу кои и Кристијан Вигенин, поранешен министер за надворешни работи во времето на премиерот Пламен Орешарски, во периодот 2013-2014 година.
БСП ќе ги одобри политиките развиени од Извршното биро, кои ќе бидат предмет на разговори помеѓу работната група и претседателската двојка за нејзиниот втор мандат.
Додека раководството на БСП имаше состанок, младинската организација на БСП скандираше за оставка на Корнелија Нинова.
Бугарските социјалисти ќе ја поддржат партиската влада на Слави Трифонов, без да учествуваат во неа
Лидерката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова, по состанокот на раководството на партијата објави дека ќе ја поддржат владата на „Има таков народ“ на Слави Трифонов, јави дописникот на МИА од Софија.
Сепак, БСП постави пет услови за поддршка на „Има таков народ“ – поврзани со брзи и конзистентни реформи во здравствената заштита, борба против корупцијата, зајакнување на независно судство и ревизија на буџетот.
Нинова рече дека ако на бугарските социјалисти им биде даден мандат да формираат влада, Националниот совет „ќе донесе одлука по итна постапка“.
Таа смета дека ако се предаде третиот мандат на БСП за формирање на новата бугарска влада, партијата „ќе донесе одлука по итна постапка“.
БСП објави дека нема да го поддржи предлогот предложен од поранешните владетели во Бугарија од ГЕРБ и ќе гласа „против“ во бугарскиот парламент.