Голем пожар во Белград: Пожарникарите помагаат на мајка со бебе, евакуацијата е во тек
Попладнево по 17 часот во Белград избил пожар на 11 кат на солитер, а според „Танјуг“ пред зградата има седум-осум противпожарни возила, додека полицијата го обезбедува поминувањето на пожарникарите.
Тие ѝ пружаат помош на мајка со бебе пред зградата, а уште трае евакуација на другите станари од солитерот.
Некои од насобраните станари велат дека пред пожарот слушнале звуци слични на пукање, па претпоставуваат дека дошло до избивање на осигурачи и дека така се запалила електричната инсталација.
Пред зградата има и екипа на брза помош.
Станарите чекаат да се вратат во зградата, а оние од повисоките катови од терасите гледаат што се случува.
Пожарникарите стигнале многу брзо на местото на настанот, за две до три минути, и се обидуваат да го изгасат пожарот.