Се подобрува епидемиолошката состојба во Словенија
Во Словенија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа шест пациенти, а покрај намалениот број тестови, потврдени се 766 нови зарази со корона вирус.
Епидемиолошките податоци се подобруваај, освен состојбата во болниците, објави словенечката влада.
Од 3.752 тестови потврдени се 766 инфекции или 20,4 отсто од тестираните, што е помалку по удел и број на случаи во однос на претходните неколку дена, додека просечниот број нови дневни зарази се намали од вчерашните 871 на 801.
Села Словенија сега е според „семафорот“ во портокалова фаза, но меѓу различни делови на земјата или доста разлика. па понатаму калибрирањето на заштитните мерки повторно се одредуваат на регионла основа.
Од болниците вчера се отпуштени 66 пациенти
Најголема инциденца на заразата и понатаму има во северните делови и на западот од Словенија, како и во средишните региони, а најдобра е ситуацијата на исток и на југоисток.
Од болниците вчера се пуштени 66 ковид-пациенти, но нивниот број и натаму е критично висок, па на лекување се сместени 629, од кои 151 на интензивни одделенија.
Иако владата, по одлука на Уставниот суд одлучи дури од понеделник повторно да се допуштат собири до 100 луше, со почитување на епидемиолошките мерки, синоќа во парламентот на Љубљана се собраа повеќе од сто демонстранти што е дел од ткн. велоспедски демонстранции против владата кои почнаа уште лани пролетта.
Учесниците тврдеа дека не ги кршат мерките, затоа што носеа маски и држеа дистанца.