Повторно многу починати со Ковид-19 во БиХ
Во Босна и Херцеговина денеска се тестирани 3.479 примероци, а 1.279 биле позитивни на корона ворус. Истовремено починаа 86 пациенти со заразата.
Само за споредба, вчера имаше нови 1.343 заразени, а починаа 60 пациенти.
Во федерацијата од 2.682 тестирани, 1.004 биле позитивни на корона вирус, а починати се 57 пациенти. Вкупно досега во Федерацијата починаа 4.450.
Досега се тестирани 596.349, а вирусот е потврден кај 124.300 лица. Излечени се 101.740 пациенти.
Во република Српска тестирани се 713 примероци, а вирусот е потврден кај 232 лица.
Пријавени се 24 смртни случаи или вкупно досега 3.083.
Досега во РС потврдени се 58.865 случаи со корона вирус, оздравеа 40.407, а тестирани се 247.959.
Во Брчкоима уште 43 новозаразени, а тестирани биле 84 примероци.