Во Хрватска уште 2.627 новозаразени, починаа 37 лица


Во последните 24 ќаса во Хрватска од корона вирус заболеле 2.627 луѓе, а активни се 16.284 случаи.

Од нив 2.014 пациенти се на болничко лекување, а 182 на респиратор.

Починаа 37 пациенти, а вкупно досега 6.523.

До денеска од корона вирус заболеле 306.225, а оздравеле 283.418 лица.

Тестирани се вкупно 1.693.080 лица, од кои 9.429 во последните 24 часа.

Вакцинирани се вкупно 539.487 граѓани на Хрватска.