Во БиХ нови 894 случаи со корона вирус, 29 починаа


Во Босна и Херцеговина повторно расте бројот на новозаразени со корона вирус, а во последните 24 часа регистрирани се 894 нови случаи од вкупно тестирани 4.101 лица. Починаа 29 пациенти, 22 во Федерацијата и седум во Република Српска. Вчера беа забележани 727 случаи, а починаа исто 29. Во Федерацијата се тестирани 3.135 примероци, од кои […]

Во Грција до 16 март воведено поголемо ограничување на движењата


Од утре наутро, до 16 март, во Грција се воведуваат построги измени на актуелните мерки, со цел да се ограничи раздвиженоста на граѓаните и да се спречи дополнителното ширење на коронавирусот, а ќе бидат зголемени и контролите, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Грција е поделена во […]

Во Србија повторно над 4.000 нови случаи, размислуваат за полициски час


  Во последните 24 часа во соседна Србија на корона вирус тестирани се 16.175 лица, од кои 4.056 се позитивни, а починаа 16 лица. Според податоците на Министерството за здравство, на респиратори се 161 пациент. Вчера во Србија имаше 4.157 нови случаи, од 16.743 тестирани. Од викендот на сила се нови мерки – угостителските објекти […]

Србија четврта во Европа по новозаразени на 100.000 граѓани, медицинскиот дел бара построги мерки или ќе дадат оставки


Србија– Србија е на четвртото место во Европа по бројот на новозаразени со Ковид-19 на 100.000 граѓани и ситуацијата е сериозна, изјави денеска директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Марјан Ивануша. Дека епидемиолошката ситуација се компликува говорат и редовите пред ковид амбулантите во Белград, каде, како што јави дописникот на МИА, се чека со часови за прв преглед, […]

Земјотрес од 6,9 степени ја затресе околината на Лариса


Земјотрес од 6,9 степени само што ја затресе околината на Лариса. Според грчката агенција АНА сепак тој бил од 5,9 степени, но разните центри за мерење на земјотреси објавуваат различна силина. Епицентарот се уште не се знае, но земјотресот беше со таква сила што се почувствува и во Скопје. Според првите информации тој е регистриран […]

Метју Палмер: Меѓусебно признавање е целта на САД во дијалогот Србија-Косово


САД– Целта на администрацијата на САД е да го прекинат дијалогот меѓу Косово и Србија со договор за заемно признавање, изјави Метју Палмер, висок американски дипломат одговорен за Западен Балкан. Во заедничкото интервју за КТВ со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, тој рече дека САД силно го поддржуваат […]

Во Словенија потврдена и нигериската мутација на коронавирусот


Словенија – По идентификацијата на британската и јужноафриканската мутација на коронавирусот,  во Словенија е потврдена и нигериската мутација, јави синоќа приватната телевизија ПОП ТВ. Досега се откриени седум случаи на најновата мутација, а ги откри лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми. Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно нема да предизвика потешка форма на Ковид-19. Јужноафриканската мутација во […]

Земјотрес од 4,2 степени по Рихтер кај Глина


Хрватска– Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека утрово во 05:37 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Глина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека јачината на земјотресот била 4,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на седум километри од Глина. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 10 […]

Црн рекорд годинава во БиХ, починаа 29 пациенти со Ковид-19


  Босна и Херцеговина денеска објави дека во земјата пријавени се нови 698 случаи на заразени со короноа вирус, а во 24 часа почина 29 пацинети со Ковид-19.. Ова е црн рекорд во 2021 година, кога станува збор за смртните исходи од болеста во еден ден. Во федерацијата пријавени се 473 позитивни на корона вирус, […]

Хрватска нема да ја чека ЕУ, бара дозвола за „спутник V“


  Министерствто за надворешни работи на Хрватска побара од руската страна документација за вакцината „спутник V“. Врз основа на тоа Хрватската агенција за лекови и медицински производи може да даде одобрение за интервентен увоз, неофицијално дознава „Јутарњи лист“. Се повеќе европску земји преговараат со Русија, покрај тоа што нивната вакцина нема одобрение од Европската агенција […]

Зголемен бројот на новозаразени во Грција


Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вкупно 2.353, а дополнително се зголеми и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, приклучени на апарати се […]

Во Словенија зголемен број лажни ПЦР-тестови на границата


Словенија – Словенечката генерална полициска администрација денеска соопшти дека граничната полиција секој ден открива десетици фалсификувани ПЦР-тестови за коронавирусот, кои патниците ги користат за да избегнат карантин при влегувањето во Словенија. Казната за ова дело во Словенија е затвор до три години, пренесува агенцијата СТА. Во јануари, словенечката полиција откри зголемен број ПЦР-тестови на границата со Хрватска, […]

Незапирливо растат новозаразените во Србија, денеска 4.157


  Во Србија, според последните податоци потврдени се 4.157 нови случаи на зараза со корона вирус, а починаа уште 16 пациенти. Во болниците низ Србија се лекуваат 4.301 пациенти со Ковид-19, а 168 се на респиратор. Тестирани биле 16.743 граѓани. Од почетокот на пандемијата во Србија од корона вирус заболеа вкупно 466.885 лица, а починаа […]

Во Албанија лани починале 25,8 отсто повеќе, а се родиле 1,7 отсто помалку од годината претходно


Според податоците на Институтот за статистика, во Албанија минатата, споредено со претходната година, забележана е повисока смртност за 25,8 отсто. -Во 2020 година, починале вкупно 27.605 лица што е зголемување од 25,8 отсто или 5.668 починати повеќе споредено со 2019 година. Ова е рекордно ниво на загубени животи во земјата од 1990 година, наведува ИНСТАТ. […]

Ѓукановиќ: Црна Гора да ги затвори границите и да ја забрза имунизацијата


Претседателот Мило Ѓукановиќ побара затворање на границите на Црна Гора и забрзана имунизација затоа што, како што рече, здравјето на граѓаните е во сериозна опасност. Ѓукановиќ рече дека бројот на починати е „страшен“, како и бројот на заразени од коронавирус, поради што е потребно навремено воведување и ефикасно спроведување на епидемиолошките мерки – затворање на […]

БиХ од април преминува на Турски тек


Компанијата Енергоинвест до крајот на март ќе потпише нов договор со руски Гаспром за промена на трасата за испорака на гас до БиХ, изјави министерот за енергетика, рударство и индустрија на ФБиХ, Нермин Џиндиќ. – Потписник на договорот со Гаспром од страна на БиХ е сараевската Енергоинвест. Пред Нова година, тие добија барање од руска компанија […]

Анкета во Бугарија: Се зголемува разликата меѓу ГЕРБ и социјалистите


Последната анкета на центарот „Алфа рисрч“ и бТВ покажува дека на еден месец пред изборите во Бугарија партијата на премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ, се мобилизира и ја зголемува разликата пред неговиот главен конкурент Бугарската социјалистичка партија (БСП). Разликата сега изнесува 5,3 отсто – за ГЕРБ во овој момент би гласале 28,5 а за БСП 23,2 […]

Смртноста од Ковид-19 во Црна Гора во февруари зголемена за 70 отсто


Црна Гора– Во Црна Гора 210 граѓани починаа како резултат на Ковид-19 во февруари, од кои 12 вчера, што е зголемување за 70 проценти во споредба со јануари, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора починале 1.015 лица заболени од Ковид-19. Дека епидемијата, и покрај строгите мерки, кои […]

Над 900.000 вакцинации во Грција, пријавени само шест алергиски реакции


Грција – Денеска спроведовме 30.000 вакцинации, а очекуваме да надминеме 34.000 и можеби ова да биде дневен рекорд од почетокот на имунизацијата. Од декември спроведовме 915.000 вакцинации, 915.000 наши сограѓани се вакцинираа и во текот на неделава се очекува да надминеме еден милион вакцинации, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на […]

Во Србија расте бројот новозаразени, се бара затворање од седум до 10 дена


  Според последните податоци, во Србија починале уште 16 пациенти со Ковид-19, а вкупниот број починати досега од епидемијата изнесува 4.398.‬ За денеска тестирани биле 15.074, а потврдени се 3.588 случаи на зараза. Во болница се лекуваат 3.832 пациенти, а на респиратор се 153. Од почетокот на пандемијата во Србија од Ковид-19 потврдени се 449.901 […]