Речиси 3.000 новозаразени во Србија, починаа 35


 

Во Србија денеска регистрирани се 2.971 случаи со корона вирус.

Од ковид-19 починаа 35 заболени.

Направени биле 14.565 тестови.

Во болница се лекуваат 7.341 пациенти, додека на респиратор се 259.

Досега во Србија се регистрирани 654.870‬ случаи со корона вирус, а битката со вирусот ја изгубија 5.881 пациент.