Во Босна и Херцеговина повторно раст на новозаразени, починаа 60 пациенти со Ковид-19


Во Босна и Херцеговина забележан езголемен број нови случаи на зараза со корона вирус во споредба со претходните три дена, затоа што се пријавени повеќе од 1.300 новозаразени, а 60 луѓе заболени со Ковид-19 починаа.

Тестирани биле околу 3.500 примероци, а заразата е потврдена кај 1.343 случаи. Во средата имаше малку повеќе од 700 новозаразени, а тестирани беа 1.000 повеќе од четвртокот.

Здравствените стручњаци во БиХ и порано предупредуваа дека намалениот број новозаразени кон крајот на минатата и почетокот на оваа недела не значи дека епидемијата е под контрола, и апелираа на задржување на постојните мерки за претпазливост.

Покрај барањата од некои жупании во федерацијата БиХ во текот на емсецот рамазан да се скрати траењето на ноќниот полициски час, одлучени е дека тоа нема да се случи и понатаму тој ќе трае од 21 часот до 5 наутро.

Во БиХ од избивањето на епидемијата во март лани, досега е откриени се повеќе од 187 илјади случаи на зараза, а починаа 7.628 дијагностицирани со Ковид-19.