Босна и Херцеговина денеска со 1.302 новозаразени, 49 починаа
Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина има 1.302 новозаразени со корона вирс, а тестирани биле 3.537 луше. Пријавени се вкупно 49 починати.
За споредба, вчера имаше 1.279 новозаразени, а починаа 86 пациенти.
Во Федерацијата тестирани биле 2.402 примероци, а 944 се позитивни.
Досега се тестирани 598.751, а корона вирус е потврден кај 125.244 лица.
До денеска излечени се 102.304 пациенти. Пријавени се 21 починат или вкупно 4.471.
Во Република Српска, од тестирани 1.044 примероци, корона вирус е потврден кај 302 лица.
Пријавени се 22 починати или вкупно 3.105.
Досега во РС од корона вирус заболеа 59.167, а оздравеа 40.792 лица.
Во Брчко регистрирани се 56 нови случиа, починаа пестмина, а оздравеа 51.