Пленковиќ: Србија и БиХ да го усогласат визниот режим со Европската Унија


 Србија и Босна и Херцеговина треба да го усогласат визниот режим со Европската Унија, а проблемот со илегалната миграција мора да се реши на надворешната граница на Унијата, пред се на границите на Грција и Бугарија со Турција, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.  Во изјавата дадена за  новинарите во Пазин, Пленковиќ нагласи дека е неопходна […]

(ВИДЕО) Реклама за убиениот косовски полицаец на њујоршкиот Тајмс сквер


Реклама на Тајмс Сквер во чест на Африм Буњаку, косовскиот полицаец убиен за време на вчерашниот терористички напад, заедно со благодарност за осовската полиција за успешната антитерористичка операција се појави на плоштадот Тајмс Сквет во Њујорк. Убиениот полицаец исто така беше прогласен на церемонија во Приштина за „Херој на Косово“. An ad in Times Square […]

Стефанос Каселакис: „Странецот“ кој преку ноќ го разниша политичкиот систем во Грција


  Аналитичарите и политичките партии во Грција сè уште се обидуваат да разберат како 35-годишен жител и бизнисмен на САД, претходно непознат во земјата, успеа да го освои лидерството на главната опозициска партија Сириза во, како што се опишува, феномен на „метаполитика“. Стефанос Каселакис е роден во Грција, но мигрирал во САД на 14-годишна возраст […]

ЦГО: Околу 40 отсто од младите во Црна Гора планираат да ја напуштат земјата


 Никола Обрадовиќ од Центарот за граѓанско образование денеска изјави дека нивно истражување покажало дека дури 40 отсто од младите во Црна Гора планираат да ја напуштат земјата, оценувајќи дека тоа е загрижувачко.  Обрадовиќ во утринската програма на ТВЦГ кажа дека тоа што Црна Гора е на врвот на рангирањето според годините во кои младите живеат […]

Дачиќ: Србија ќе направи се за да го зачува мирот во Косово


  Првиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија треба да се чува од сите провокации и дека, како што порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Србите на Косово треба да останат мирни и да и веруваат на својата земја, која ќе направи се за да се зачува мирот, по вчерашните […]

Србија смета дека е неизбежен вооружен конфликт на северот на Косово


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави дека претседателот на државата Александар Вучиќ во својот говор во Обединетите нации предупредил дека е можно и е извесно на Косово да дојде до конфликт, каков што е во Бањска, јави дописникот на МИА од Белград. Таа во гостувањето на ТВ Пинк изјави дека единствениот виновник за конфликтот е премиерот […]

Каселакис: Не сум феномен, туку гласот на општеството


Не сум феномен, јас сум гласот на едно општество, кое го почитувам, го ценам и му благодарам и кажувам јасно: Никогаш нема да ве изневерам, порача меѓу другото новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, обраќајќи се доцна синоќа пред седиштето на партијата, откако беа соопштени резултатите, јави дописничката на МИА од Атина.  Каселакис победи на […]

Ден на жалост во Косово по убиството на полицаец на северот на државата


Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата, во чест на полицискиот старешина Африм Буњаку, кој вчера беше убиен во напад на вооружена група на северот од државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното соопштение од кабинетот на Османи се наведува дека „државниот протокол ќе […]

Чиста победа на Стефанос Каселакис на изборите за лидер на Сириза


  Чиста победа на Стефанос Каселакис покажаа резултатите од гласањето со 75 отсто преброени гласови, на внатрепартиските избори за избор на нов претседател на главната опозициска партија во Грција, Сириза. Според резултатите од 471 изборна единица од 537, Каселакис доби 56,69% ​​ од гласовите, додека неговиот конкурент Ефи Ахтисиоглу 43,1 отсто. Во 21 часот по […]

Вучиќ го осуди убиството на полицаецот, а бунтот на Србите дошол поради „теророт на Курти“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека убиството на полицаец во Косово е апсолутно за осуда и дека такво нешто нема оправдување. За време на вонредното обраќање во врска со последните настани во Косово, тој рече дека се случило она за што долго време предупредувал, а тоа е дека Србите се побуниле „не […]

Тројца од напаѓачите се убиени, соопшти косовската полиција


  Тројца напаѓачи се убиени во размена на оган во селото Бањска на севереот од Косово, каде тензиите не стивнуваат од доцна синоќа, потврди косовската полиција. Еден од нив е уапсен, додека во исто време се уапсени уште четири лица кои се поврзани со „криминалната група“. „Во атарот на селото Бањска безбедносната состојба и понатаму […]

Борел: Нападот на вооружената банда во Бањска мора веднаш да престане


  Најостро го осудувам страшниот напад на вооружена банда врз припадниците на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните виновници мора да се соочат со правдата, реагира високиот европски претставник Жозеп Бореl. По веста дека синоќа […]

Напнато во Kосово: 30 вооружени луѓе забaрикадирани во манастирот во Бањска


  Околу 30 вооружени мажи се сокриле во манастир и се опколени од полицијата во северно Косово, во областа каде што рано утринава беше убиен полицаец, како што соопшти косовскиот премиер Албин Курти. „Има најмалку 30 професионални вооружени војници или полицајци кои во моментов се опколени од нашите полициски сили и ги повикувам да се […]

Инцидент на северот на Косово, убиен полицаец во поставена заседа


  Еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет рано утрово во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањска во Лепосавиќ, во северно Косово. Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како […]

Невреме ги зафати Хрватска, БиХ и Србија – улиците се поплавени (фото/видео)


Попладнево, повеќе земји од регионот се зафатени од силно невреме со грмотевици, град, силен ветар и обилни количини дожд. Прв на удар беше Сплит во Хрватска, каде поради големото количество дожд кој наврна во кусо време, беа поплавени улиците. Најмногу дожд наврна во Шибеник, каде се измерени 107 литри на метар квадратен. Невремето со грмотевици […]

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра


 Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295  евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки на последователните операции за уништување на криминални групи кои се обидуваат да перат пари, како и за запленување на имот и парични вредности кои произлегуваат од криминални активности. Уапсен е […]

Бегај: Приштина да ги следи сугестиите на САД за дијалогот со Србија, не ни треба самоизолација


 Албанскиот претседател Бајрам Бегај ги повика властите во Косово да ги следат препораките дадени од САД за процесот на дијалог со Србија. -Не ни треба самоизолација, ни требаат пријатели и поддршка, изјавил Бегај во интервју за Гласот на Америка, додавајќи дека Албанија го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија и поддржан од САД. Нагласил […]

Полицијата во Хрватска апси навивачи на Динамо по потерница од Грција


Полицијата во Хрватска започна акција за апсење на членовите на навивачката група „Бед блу бојс“ поради европска потерница која стигна од Атина. Полицијата постапила според налогот и уапсила неколку навивачи. Уапсени се девет членови на „Бед блу бојс“. Полицијата не сака ништо официјално да потврди од како што велат „тактички причини“. Сè уште се трага […]

Се урна мал авион во Грција, загина пилотот


 Во аероклубот во близина на грчкиот град Тива, претпладнево се урнал мал авион со еден мотор, а загинал пилотот, јави дописничката на МИА од Атина.  Причините за несреќата засега официјално не се познати, а според грчката државна телевизија ЕРТ, се појавил проблем при полетувањето. Веднаш по падот, како што соопшти Противпожарната служба на Грција, интервенирале […]

Земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди југоисточна Турција, а епицентарот бил во областа Гоксун во Кахраманмарас. Земјотресот, кој се случи во 11:22 часот по локално време, е почувствуван и во околните провинции, јавува ТВ Хабер Турк. Како што соопшти турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), епицентарот на земјотресот […]