Хелсиншки Србија: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово


Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Србија, Соња Бисерко вели дека целта на нападот од страна на српска вооружена група врз косовската полиција во Бањска, кај Звечане, во северно Косово, во неделата, на 24 септември, била поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за црногорскиот медиум „ЦдМ“ (Cafe del […]

Западен Балкан 2023: Од Солунската декларација до воведувањето на ЕТИАС


ИФИМЕС подготви анализа за актуелната политичка ситуација во Западен Балкан по серијата состаноци на регионалните лидери и европски претставици. Од опсежната анализа „Западен Балкан 2023: Од Солунската декларација до воведувањето на ЕТИАС, ги издвојуваме најважните и најинтересните делови.  ЕУ не знае што да прави со Западен Балкан Неодамна во Солун беше прославена 20-годишнината од потпишувањето […]

Волос и околината повторно под вода


Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.  Жителите на Волос и околината, поминаа тешка ноќ, повеќе делови се без […]

Вучиќ негира учество на Србија во оружената пресметка


Српскиот претседател гостувајќи синоќа на РТС го негираше учеството на државата Србија во вооружената пресметка во Бањска, додавајќи дека вооружената група Срби, за него, никогаш нема да бидат терористи, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ кажа дека „не знае што таа група сакала“, но и дека „веќе година дена има информации дека луѓето на […]

Вучиќ: Избори може да се одржат на 17 декември


Српскиот претседател Александар Вучиќ гостувајќи синоќа на РТС изјави дека заедно ќе се одржат парламентарните, покраинските, белградските и другите општински избори, додавајќи дека се подготвени за нив на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград. -Го добив писмото (од опозицијата) и еве да им дадам официјален одговор. Зборував со неколку луѓе, некои се за, […]

Јанковиќ: Трагичниот инцидент во Бањска има „очајни“ последици за Србија


Српскиот пратеник  Владета Јанковиќ изјави дека, од надворешнополитички аспект, последиците од трагичниот инцидент во Бањска се „очајни“, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја уништи секоја предност што ја имаше пред меѓународните посредници, благодарение на инаетот на Албин Курти. „Последниве месеци Вучиќ имаше поповолна позиција во споредба со Курти , но сега улогите целосно се […]

Хрватска со парите од ЕУ е во плус од 11,9 милијарди евра


  Хрватска до крајот на годината ќе ја заврши својата прва ЕУ финансиска перспектива, онаа за периодот од 2014 до 2020 година, при што ќе ја потроши целата распределба на средства за тој програмски период од 12,19 милијарди евра, соопшти Министерството за регионален развој и Фондовите на ЕУ, додавајќи дека Хрватска досега има суфицит од […]

Приштина тврди дека еден од убиените Срби бил телохранител на Вулин


Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечан, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин.На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди […]

Србија го прашува КФОР: Кој и дозволил на косовската полиција да биде на северот на Косово?


Србија е разочарана од реакцијата на КФОР, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и оцени дека „многумина избрзуваат со заклучоци“ за она што се случи во неделата во селото Бањска на Косово. Тој за Радио телевизија на Србија додаде дека она што се знае е дека има мртви, ранети, уапсени и оти сега треба […]

Словенија воведува полициски контролни пунктови во близина на границата со Хрватска


 Словенија одлучи да воведе полициски контролни пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, вклучително и на границата со Хрватска. Шенгенскиот режим останува на сила, а без никаква контрола и понатаму ќе може да се минуваат поранешните гранични премини, но на територијата на Словенија ќе има полициски контролни пунктови каде полицијата ќе проверува […]

И Борисов се премисли, денот на Санстефанска Бугарија ќе остане државен празник


  ГЕРБ нема да го поддржи предлогот за промена на датумот на националниот празник од 3 март на 24 мај. Ова беше разбрано од изјавата на лидерот на партијата Бојко Борисов во собранието. Тој додаде дека причината за промената на ставот е тоа што празниците во Бугарија „не треба да се напаѓаат“ бидејќи „3 март, […]

Побарана оставка од бугарскиот министер за одбрана поради одлуката за испорака на ракети С-300 на Украина


Бугарските социјалисти побараа оставка од министерот за одбрана Тодор Тагарев поради одлуката за снабдување на Украина со ракети за системот С-300. Откако на вчерашната парламентарна комисија за одбрана со мнозинство гласови беше поддржан предлогот за испраќање „неисправни ракети С-300“ во Киев, Тагарев пред пратениците кажа дека таквата испорака нема да ги ослаби борбените способности на […]

Невремето „Илиас“ ги зафати Атина и делови на Грција


Невремето „Илиас“, што од понеделникот ја зафати Грција, денеска кулминираше, а во текот на ноќта и рано утринава предизвика проблеми во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во централниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во Атина има силни и обилни врнежи од дожд и молњи, прекини во снабдувањето со електрична […]

Курти: Вучиќ рече дека Радојичиќ ќе биде „српски Адем Јашари“


Косовскиот премиер, Албин Курти, вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сакал на 24 септември да го претвори манастирот во Бањска во северно Косово во „Кула на семејството Јашари“ за косовските Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти вели дека, со акцијата во Бањска, каде што во неделата загина косовски полицаец и најмалку тројца […]

Маж во Словенија од тераса пука кон полицијата, интервенираат специјалци


Полицијата нешто пред 9 часот утринава добила дојава за пукање,  во Драженци во близина на градот Птуј во Словенија. Маж од семејна куќа пука и во полицијата, која во меѓувреме ја опколила куќата. Напнатата ситуација трае со часови.  Пристигнувајќи на местото на настанот пронашле маж со оружје и постојано барале од него да го спушти. […]

Кристофер Хил: Ситуацијата во Косово е многу опасна


Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил денеска изјави дека амбасадорите на Квинтата сметаат дека ситуацијата на северот во Косово е многу опасна и ќе бидат потребни дополнителни напори за да се најде причината за целата ситуација. „Тоа е трагичен настан и сите мора да го осудиме убиството на припадникот на косовската полиција. Се разбира, ние […]

Петмината Бугари обвинети од Лондон за шпионажа во корист на Русија се појавија пред суд во Вестминстер


 Петмина Бугари осомничени дека се шпиони за Русија се појавија пред суд во Велика Британија кон кои има обвинение за „заговор за собирање информации што би биле корисни за непријателот“. На тројцата мажи и две жени – сите Бугари – им беше одреден притвор во судот на Вестминстер. Орлин Русев, 45; Бизер Џамбазов, 41; Катрин […]

Рама: На ЕУ и е потребен Западен Балкан исто како што на Западен Балкан му е потребна ЕУ


 Во рамките на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Албанија на 16 октомври 2023 година, Министерството за финансии и економија денеска во Тирана е домаќин на Форум на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствената ЕУ пазар“. Отворајќи го овој министерски состанок, премиерот Еди Рама го започна својот говор со […]

Српска листа прогласи тридневна жалост за тројцата Срби убиени во северно Косово


 Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, прогласи тридневна жалост за смртта на тројцата Срби, кои беа убиени во Бањска, по нападот врз косовската полиција во неделата, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку објава на својата страница на Фејсбук, партијата го нарече настанот трагичен. Според соопштението, „во српските средини на територијата на Косово ќе […]

Лајчак на консултации со Франција, Германија, Италија и САД за Косово


Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека имал „интензивни и многу значајни консултации“ со дипломатските советници на лидерите на Франција, Германија и Италија и американскиот пратеник за Западен Балкан за следните чекори во спроведувањето на договорот за нормализација и ситуацијата на северот на Косово. Вонреден состанок […]