Утрово повторно дојави за бомби во училиштата во Белград


Дојави за поставени бомба утрово повторно стигна и до основните училишта низ Белград.

Родителите во групите на Вибер добиваат пораки дека училиштата добиле известување од МВР дека вакви закани стигнале до сите белградски училишта.

„Почитувани родители, Министерството за внатрешни работи на Србија повторно доби дојава дека во сите училишта во Белград се поставени бомби. Децата се изнесени надвор, чекаат полицајци кои ќе извршат увид. Сѐ е со цел да се вратат на редовните активности“, стои во пораката која ја добиле родителите.

Да потсетиме, дојавите за поставени бомби во белградските училишта не престануваат и станаа секојдневие.