Почна судењето на Дритан Абазовиќ


Фото: Б. Грданоски

Во Основниот суд во Улцињ продолжи судењето на поранешниот црногорски премиер и лидер на опозициската Ура Дритан Абазовиќ.

Судењето се одвива врз основа на тужбата на поранешниот полицаец Зоран Лазовиќ.

Адвокатот Зоран Пиперовиќ поднел шест тужби против Абазовиќ во име на Зоран Лазовиќ, бизнисменот Ранко Убовиќ, фирмата „Бемакс“ и бизнисменот Александар Мијајловиќ, објави порталот РТЦГ.

Абазовиќ претходно ги обвини Убовиќ и Лазовиќ дека се вмешани во тешки кривични дела, па дури и дека посакуваат негова физичка ликвидација.

Тие го негираа тоа и го тужеа Абазовиќ барајќи 21.000 евра отштета за прекршување на личните права.

Абазовиќ побара судењата да бидат јавни.