Србија лани потрошила речиси половина милијарда евра за модернизација на армијата


 Српската влада во текот на минатата година инвестирала околу 460 милиони евра во модернизација на вооружените сили, додека годинава за истата намена се планирани околу 616 милиони, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците на порталот Балканска безбедносна мрежа од завршната буџетска сметка во 2022 година, Србија потрошила 53,8 милијарди динари (околу 460 милиони […]

Приштина: Изгледаше како терористички напад, но беше план за окупација на северно Косово


Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, изјави дека Владата на Косово обезбедила докази и факти кои докажуваат дека она што се случи минатата недела, на 24 септември, во Бањска е добро организиран воен план за окупација на дел од територијата на северот на Косово. Маќедонци вели дека она што првично се сметаше за терористички […]

Вучиќ има намера да се сретне со Путин во октомври на форумот „Појас и пат“ во Кина


Српскиот претседател Александар Вучиќ има намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во октомври, на маргините на форумот „Појас и пат“ што ќе се одржи во Кина, дознава Демостат од дипломатски кругови. Како што е соопштено, лидерите на Србија и Русија веќе јавно го потврдија доаѓањето на кинескиот самит, но останува прашањето дали […]

Терористички напад во Анкара, се разнесе бомбаш самоубиец


Анкара –Во Анкара денеска се случи терористички напад кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на турскиот парламент, пренесе Би-би-си. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека „еден терорист се разнесе, а вториот е неутрализиран“ во терористичкиот напад во близина на министерството во главниот град Анкара. Јерликаја во објавата на социјалните мрежи […]

Вучиќ за ФТ: Војската нема да влезе во Косово, ќе ги повлечеме силите од тоа подрачје


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да и нареди на армијата да ги премине границата со Косово и дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје.  Според него, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската унија. „Зошто ова би било од […]

Во Приштина заврши обдукцијата на телата на тројцата убиени Срби, телата предадени на семејствата


Во Институтот за судска медицина во Приштина денеска е завршена обдукцијата на телата на тројцата убиени Срби за време на вооружениот конфликт на 24 септември во Бањска кај Звечане, по што семејствата на загинатите денеска ги презедоа нивните тела, јави дописникот на МИА од Приштина. Еден од правните застапници на семејствата на убиените Срби при […]

Во српското МВР изјава даде Милан Радоичиќ за настаните во Бањска


Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, одговори на поканата на државните органи на Србија за настанот во селото Бањска во северниот дел од Косово и како граѓанин даде изјава за околностите на трагичниот настан во с.Бањска на 24.09.2023 година. Тоа денеска го соопшти српското МВР.  За наведеното, како што се додава во соопштението, во […]

Додик едногласно реизбран за претседател на СНСД


Милорад Додик денеска беше едногласно реизбран за претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) со поддршка од 937 делегати кои избираа лидер на партијата. Тој им се заблагодари на сите делегати кои му дадоа поддршка, со порака дека му дале сила да продолжи да се бори за Република Српска. „Ние се бориме за слободата на […]

Франција го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан


Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан и наведе дека тоа е во согласност со зголеменото вклучување на Франција во регионот, во контекст на пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија, јави дописникот на МИА од Белград. Специјалниот пратеник Троказ ќе биде вклучен во […]

За Курти, Вучиќ и Радојичиќ се исти како Милошевиќ и Аркан во 90-тите


Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека нападот во неделата на северот на Косово не е граѓански отпор или дело на банди, туку напад на вооружени паравоени формации опремени и подготвени од Белград. Во интервју за Ал Џезира, Курти наведува дека очигледно нападот бил извршен по наредба на Србија. На прашањето дали косовските власти имаат разузнавачки […]

Рама на „Берлински глобален дијалог“: Некои земји во регионот се под руско влијание


Албанскиот премиер Еди Рама на меѓународниот форум „Берлински глобален дијалог“ (Berlin Global Dialogue) оцени дека „некои земји во регионот се под руско влијание“ и и затоа „неопходно е забрзување на интегративниот процес на Западен Балкан во Европската Унија“. -Морам да кажам дека по руската инвазија, дури и најскептичните, дури и најоддалечените од Западен Балкан, ја […]

САД повикаа Белград да ги повлече српските тенкови и артилерија од границата со Косово


САД се загрижени од големото воено присуство на Србија на границата со Косово и го повикаа Белград да ги повлече своите сили од пограничната зона, каде се забележани српски тенкови и артилерија. Србија распоредила „напредни тенкови и артилерија“ во близина на границата со Косово по насилните и смртоносни судири во близина на манастир во северно […]

НАТО одобри дополнителни сили за решавање на ситуацијата на Косово


НАТО денеска објави дека „одобриле дополнителни сили за решавање на актуелната ситуација“ на Косово, но веднаш не го прецизираше бројот и не кажа од кои земји. Судирите меѓу полицијата и вооружените Срби кои се криеја во манастир минатиот викенд претворија мирно село во северно Косово во воена зона. Косовскиот претседател Вјоса Османи ги обвини Србија […]

Приштина тврди дека Радојчиќ е „балкански Ескобар“, а не борец за права (ВИДЕО)


Косовската полиција, која денес вршеше претрес во куќата на потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ, објави снимка од внатрешноста за да ја поткрепи својата пропаганда дека не станува збор за борец за права туку криминалец. -Тој не е „борец за слобода“, туку Пабло Ескобар од регионот кој стана мултимилионер на сметка на сограѓаните, напиша косовскиот […]

Грците во Тесалија зборуваат за глад, на поплавената земја ќе и требаат пет години да „раѓа“ повторно


Пред четири години, Попи Георгиу се врати во селото каде што порасна во североисточен Пелион со надеж дека ќе создаде подобар живот меѓу насадите со јаболка и костен. Студирала во Солун, но и било тешко да се снајде и решила да се врати во Пури за да работи заедно со своето семејство на планината во […]

Србија оди на избори на 17 декември


  Сосем веројатно дека во Србија ќе се одржат паерламентарни, покраински и избори во Белград на 17 декември. Премиерката Ана Брнабиќ на седницата на Владата одржана вчера побарала од министрите и државните секретари до средината на октомври да се донесат сите уредби и прописи кои се во процедура, бидејќи парламентарните избори ќе се одржат на […]

ЕУЛЕКС демантира дека не му било дозволено да учествува во акцијата во Бањска


Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) ги отфрли тврдењата на српските власти дека не и било дозволено да учествува во полициската акција на 24 септември во Бањска, откако беше нападната косовската полиција. Од мисијата на ЕУ за Радио Слободна Европа изјавија дека „на ЕУЛЕКС на ниеден начин не му е […]

Струјата во Србија од 1 ноември поскапува за 8 отсто


Советот на Агенцијата за енергетика на Србија го одобри поскапувањето на струјата од 1 ноември за осум отсто, се наведува на веб-страницата на агенцијата. Киловат час струја за домаќинствата и малите корисници ќе биде 10,26 динари, а со данок на додадена вредност (ДДВ) и такси 14,29 динари. Струјата претходно поскапе на 1 мај годинава, исто […]

Вучиќ со фотографии од погребот на терористите во Диво Насеље ги обвини Тирана и Приштина за лицемерие


Сакајќи да го претстави, како што кажа, лицемерието на Приштина и на Тирана околу осудата за прогласениот ден на жалост за сите загинати во Бањска, претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на РТС покажа фотографии од погребите на албанските терористи кои во 2015 година убија македонски полицајци во Диво Насеље. Тој потсети дека во 2015 […]

Анкета: Шест од десет Грци сметаат дека земјата оди во погрешна насока


Над шест од десет Грци, односно 61,9 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока, 47,2 проценти се задоволни од изборот на Стефанос Каселакис за лидер на најголемата опозициска партија, а разликата меѓу Нова демократија и СИРИЗА е намалена на 17,7 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Opinion Poll“ за […]