„Краш“ ги покачува платите


Управата на „Краш“ и Синдикатот на вработените во земјоделството, прехранбената и тутунската индустрија и водостопанството на Хрватска (ППДИВ) потпишаа нов колективен договор во кој е договорено зголемување на платите и другите бенефиции на работниците, соопштија од „Краш“. Новиот колективен договор стапува на сила од Нова година, кога се зголемува основицата за пресметување на платата, од 379,59 на 443 евра, што е зголемување за речиси 17 отсто.

Се зголемуваат и надоместоците за користење годишен одмор и божиќниот бонус од вкупно 530,90 на 700 евра. Се зголемува и вредноста на подарокот во натура од 79,63 на 133 евра, колку што е и месечната претплата за топол оброк, од 66,36 на 100 евра.

Во „Краш“ велат дека новиот колективен договор носи континуиран раст на приходите на работниците. Потсетуваат дека претходните измени на колективниот договор стапија на сила на почетокот на 2023 година и тие ја зголемија основицата, а од мај дополнително беа зголемени платите за работниците во производството и магацините.

Така, просечната исплатена бруто-плата во „Краш“ годинава во однос на лани пораснала за 9,6 отсто.