Албанските студенти по медицина на протест – ќе мора да работат во државата 5 години пред да добијат диплома


Тирана– Студентите по медицина во Албанија ја започнаа новата академска година со протести и бојкот како реакција на новата одлука на Владата која ги обврзува студентите да работат пет години во земјата пред да добијат диплома, известува Балкан инсајт. Планот беше познат на јавноста веќе неколку месеци, но беше усвоен во јули кога студентите одржаа протест пред […]

Уапсен Милан Радоичиќ, организатор на вооружениот конфликт во Бањска


Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен, кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот конфликт во Бањска во Косово, во кој загинаа четири лица, е уапсен. „На 3.10.2023 година полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ кому полицијата му одредила притвор до 48 часа. Со кривична пријава […]

Лекарите во Турција бараат враќање на мерките за заштита од Kовид


Aнкара – Турските лекари повикаа на враќање на некои мерки за заштита од коронавирусот во Турција во екот на ширењето на новата варијанта на коронавирусот Ерис во земјата. Сепак, министерот за здравство Фахретин Коча уверува дека нема да има масовна вакцинација и „заклучување“, а во повиците за спротивното ги гледа интересите на фармацевтските лобија и […]

Блокирана истрагата за масакрот во белградското училиште – таткото на убиецот може да биде ослободен


Истрагата против Владимир К, таткото на момчето убиец, не може да заврши бидејќи Институтот за судска медицина и по многубројните барања на Вишото јавно обвинителство не го достави балистичкото медицинско вештачење кое е клучно за донесување одлука за обвинение, објави српски „Блиц“. Денеска се навршуваат точно пет месеци откако момчето убиец вооружен влета во ОУ […]

Што ќе биде со луксузната вила на Милан Радоичиќ кој го водеше бунтот во Бањска


  Косовската полиција има намера да ја преземе сопственоста на вилата на косовскиот Србин Милан Радоичиќ, кој беше дел од групата што уби еден полицаец и потоа се забарикадира во манастирот Бањска. Вилата се наоѓа на езерото Газиводе, а според министерот за внатрешни работи Џелал Свечља, таа во иднина ќе служи како станица за единици […]

Македонците добија тројца претставници во Советот на округот Корча


  Со изборот на Јован Шкемби од страна на Советот на општина Поградец, за член на Советот на Округот Корча, Македонците во советот на овој округ сега имаат тројца свои претставници. Шкемби, како претставник на МАЕИ, претходно даде свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец со што и официјално стана член на советот. […]

Милановиќ: Ќе продолжам да се залагам за што побрз влез на Албанија во ЕУ


 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска му рече на албанскиот премиер Еди Рама дека ќе продолжи да се залага за „што е можно побрз влез на Албанија во Европската унија“, земја што ја опишува како „доверлив сојузник во НАТО долго време“. Хрватскиот претседател го прими албанскиот премиер во Пантовчак и ја повтори цврстата и континуирана поддршка […]

Акција на турската полиција – апсења по бомбашкиот напад во Анкара


Во полициски акции во Истанбул и Киркларели против Курдистанската работничка партија, која Турција ја смета за терористичка организација, беа приведени 20 лица. Акцијата е изведена по бомбашкиот напад во Анкара. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска изјави дека 20 лица се приведени во акциите што беа спроведени на 26 адреси во Истанбул и […]

Косовска министерка бара ЕУ да воведе санкции за Србија: Ако не – може да избие војна!


Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, во разговор за германските медиуми предупреди на можноста од нова војна на Балканот. „Доколку меѓународната заедница продолжи да ги толерира акциите на Србија, ќе има нова војна“, изјави Доника Гервала-Шварц во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk и побара од меѓународната заедница да преземе мерки против Србија. „Вучиќ […]

Албанските граѓани со најниски плати, а работат подолго од оние во Европа и регионот


 Според последниот извештај на албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ, албанските граѓани имаат најниски плати, но работат повеќе часови отколку оние во Европа и регионот. Според ИНСТАТ еден вработен во Албанија во 2022 година работел просечно 43,7 часа неделно, од 43,3 часа претходната година. Други податоци на Евростат, што го мери работното време за европските земји […]

Земјотрес во Херцеговина, епицентарот кај Груд


Денеска околу 10:30 часот силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на седум километри од Груд. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од осум километри. Земјотресот е регистриран на седум километри од Груд и на 39 километри од Мостар. […]

И Бугарија го забрани влезот на возила со руски таблички, осма земја по ред


  Бројот на земји кои забранија влез на автомобили со руски регистарски таблички на нивна територија продолжува да расте. Бугарија официјално најави воведување забрана на 3 октомври. „Сигурен сум дека до крајот на денот забраната за влез на руски автомобили во нашата земја ќе почне да се применува на територијата на Бугарија“, рече шефот на […]

Србинот од Бањска бил убиен додека лежел на грб, тврди Белград


Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, денеска на прес-конференција рече дека „косовската полиција се осветува на Србите и дека теророт на Албин Курти од ден на ден се зголемува“. Тој изјави дека нема соодветна реакција од Западот за тоа што се случува на Косово и оти, како што вели, тамошната влада може […]

Во Црна Гора се намалуваат цените на повеќе од 100 артикли


Владата на Црна Гора од денеска најави намалување на цените на повеќе од сто артикли во рамките на акцијата „Стоп на инфлацијата 100 плус“, што ќе трае до крајот на годината. Црногорското Министерство за економски развој и туризам, во соработка со претставници на трговските синџири, дистрибутери, како и други заинтересирани субјекти, договорија продолжување на акцијата […]

Убиен полициски инспектор во БиХ, уапсени се четворица


Полицискиот инспектор Ненад Марковиќ е убиен синоќа во престрелка во Бјелина, а четири лица се уапсени под сомнение дека се поврзани со ова дело, пренесе „Klix.ba“. Убиството се случило синоќа по полноќ пред ноќниот клуб „Џил“ во центарот на Бјелина, БиХ. АТВ неофицијално дознава дека Марковиќ на излегување од клубот бил погоден од два истрели […]

Хрватска го презема првиот „рафал“


Во француската воздухопловна база Мон-де-Марсан денеска ќе се одржи свечена церемонија на предавање на првиот повеќенаменски борбен авион „рафал“ во Хрватска, односно пренос на сопственоста меѓу Француската Република и Република Хрватска, соопшти Министерството. на одбраната. Во пресрет на предавањето на авионот „рафал“ на Хрватска, припадниците на француското воздухопловство и вооружените сили на Република Хрватска ги […]

Во вжештената геополитичка ситуација, и БиХ е на историска пресвртница: Бошњачката политика меѓу Истокот и Западот


Сараево– Прозападен или происточен политички концепт, борба за власт меѓу партии со толку различни ориентации, проевропска или проруска влада, се работи кои до неодамна беа само вести во медиумите во Босна и Херцеговина, што се однесуваа на далечните земји од Кавказот, Украина или, пак на Северна Македонија пред нејзиниот прием во НАТО, за време на […]

Велика Британија испраќа околу 200 дополнителни војници во Косово


Велика Британија ќе испрати околу 200 дополнителни војници во КФОР по зголемувањето на тензиите во северниот дел на Косово, соопшти денеска британската Влада. По барањето на врховниот командант на сојузниците за Европа и одобрението од Северноатлантскиот совет, Велика Британија во наредните денови ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон на кралскиот полк на принцезата […]

Дачиќ призна дека згрешил кога рекол дека на видеото од Бањска се гледа снег


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека згрешил кога рекол дека на видеото објавено од косовските власти на кое се гледа Милан Радоичиќ се гледа и снег,и не е видео од тој ден. Дачиќ за белградски медиуми изјави дека тоа е негова грешка и дека не сака никому да наштети или […]

МД „Илинден“ – Тирана бара од албанските власти да го прогласат Виктор Стојанов за персона нон грата


Македонското друштво „Илинден“-Тирана побара од властите на Република Албанија бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија, да го прогласат за персона нон грата. – Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со Македонци низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат […]